САД поднесе обвиненија за нелегална продажба на опиоидни таблети вредни 1,3 милијарди долари


Американските власти поднесоа обвиненија против 10 лица за нелегална продажба на околу 70 милиони опиоидни таблети, соопшти Министерството за правда на САД. Според Министерството, ова е најголемата акција досега против дистрибутерите на опиоиди и други лекови кои често се злоупотребуваат, чија вредност на црниот пазар достигнува 1,3 милијарди долари. Обвинетите се поврзани со фармацевтската индустрија, …

САД поднесе обвиненија за нелегална продажба на опиоидни таблети вредни 1,3 милијарди долари Read More »

Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран


Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно кога го прашаа дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки. Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторникот. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските …

Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран Read More »

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, се закани со нуклеарно оружје ако се нападне суверенитетот на земјата


Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун изјави дека земјата нема да се двоуми да прибегне кон сите расположливи напаѓачки сили, вклучително и нуклеарни, доколку непријателот се обиде да го загрози нејзиниот суверенитет, пренесе севернокорејската агенција КЦТА. Ким го критикуваше јужнокорејскиот претседател  Јун Сук-Јол за заканите упатени кон Северна Кореја, тврдејќи дека тие покажуваат кој ја …

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, се закани со нуклеарно оружје ако се нападне суверенитетот на земјата Read More »

Израелската армија синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија


Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши 11 напади врз јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, што е бастион на Хезболах. Нападите беа извршени врз предградието Дахија, а мета на нападите беше Хашем Сафиедин, наводниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала. Не е позната судбината на Сафиедин. Тоа беше еден најсилен напад од …

Израелската армија синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија Read More »

Масовен протест на улиците на Виена: Да ја заштитиме демократијата!


Илјадници демонстранти протестираа во Виена за да апелираат до австриските политички партии, особено владејачките конзервативци, да не коалицираат со екстремно десничарската Партија на слободата ФПО, која победи на парламентарните избори во неделата. ФПО освои 29,2 отсто од гласовите, додека Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нојхамер доби 26,5 отсто од гласовите, а централно-левичарската Социјалдемократска …

Масовен протест на улиците на Виена: Да ја заштитиме демократијата! Read More »

Штрајкот на американските пристанишни работници може да доведе до недостиг и повисоки цени во земјата пред изборите


Штрајкот на американските пристанишни работници, од источниот брег на САД од Мејн на североисток до Тексас на југ, има потенцијал да ги зголеми цените и да создаде недостиг на стоки низ земјата пред празничната шопинг сезона и неизвесни претседателски избори, оценуваат американските медиуми. Тоа е прв таков штрајк од 1977 година, а го организира синдикатот …

Штрајкот на американските пристанишни работници може да доведе до недостиг и повисоки цени во земјата пред изборите Read More »

Алпите под снег – циклон носи студено време


Циклон ита кон југоисточниот дел на Европа, а пренесува многу топла воздушна маса од северот на Африка, во исто време, во задниот дел влече многу студена воздушна маса над централна Европа сè до Алпите и Панонската рамнина. Силното заладување веќе го зафати поширокото подрачје на Алпите. Ќе врне пороен дожд, а во крајбрежните области се …

Алпите под снег – циклон носи студено време Read More »

Колку тежи новата ЕК: Грчкиот еврокомесар има 16 стана, шест продавници, над 600.000 квадрати земја и акции


Колку е „чист“ новиот тим на еврокомесари кои се надеваат да работат за Урсула фон дер Лајен? „Политико“ ги објави нивните декларации за имотот од кои се виде импресивниот список на имоти на грчкиот кандидат Апостолос Цицикостас, инаку познат по тврдите ставови кон „македонското прашање“ и учесник во протести против нашата држава пред Преспанскиот договор.  …

Колку тежи новата ЕК: Грчкиот еврокомесар има 16 стана, шест продавници, над 600.000 квадрати земја и акции Read More »

Италија: Авион на Рајанер се запали пред полетување, патниците евакуирани


 Авион на „Рајанер“, кој требало да лета од Бриндизи до Торино, денеска итно е евакуиран откако еден од моторите ненадејно се запалил. Во инцидентот се евакуирани 184 патници, а капетанот одлучил да ги активира лизгалките за итна евакуација. Набргу потоа пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот. Иако причината за пожарот се уште не е позната, …

Италија: Авион на Рајанер се запали пред полетување, патниците евакуирани Read More »

Како изгледа демократијата на Орбан поради која доби тужба од Брисел?


Европската унија денес  ја даде Унгарија на суд поради нејзиниот контроверзен закон за „национален суверенитет“, тврдејќи дека тој прекршува широк опсег на основни права. За контроверзниот закон Будимпешта вели дека е неопходен за да се заштити „националниот суверенитет“, но невладините организации го осудија како опасна алатка за таргетирање и на крајот замолчување на гласовите на …

Како изгледа демократијата на Орбан поради која доби тужба од Брисел? Read More »

Руте во посета на Украина, два дена по преземањето на функцијата


Киев – Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска е во посета на Украина, два дена по преземањето на функцијата, јавија светските агенции. Ова е прва посета на Руте во странство откако тој ја презеде функцијата шеф на Алијансата. Руте се сретна во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го увери дека …

Руте во посета на Украина, два дена по преземањето на функцијата Read More »

Велика Британија му ги врати на Маурициус островите Чагос во Индискиот Океан


Обединетото Кралство објави дека му го отстапува суверенитетот над Островите Чагос на Маурициус во договор што ќе им овозможи на луѓето раселени пред неколку децении да се вратат дома, додека Велика Британија ќе го задржи правото да ја користи таму британско-американска воена база. Велика Британија објави дека операцијата Диего Гарсија, стратешка воена база со која …

Велика Британија му ги врати на Маурициус островите Чагос во Индискиот Океан Read More »

Унгарија пратена на суд


Европската комисија денеска одлучи да ја упати Унгарија до Судот на правдата на ЕУ бидејќи смета дека нејзиниот Закон за заштита на суверенитетот, кој има за цел да се бори против странското мешање, го прекршува правото на ЕУ. Како што се наведува во соопштението на ЕК, со овој закон се формира Канцеларијата за заштита на …

Унгарија пратена на суд Read More »

Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија


Германскиот канцелар Олаф Шолц ги предупреди германските граѓани никогаш да не ги заборават негативните последици од повторното обединување за некои од луѓето во поранешна Источна Германија. – За милиони источни Германци, тогашниот пресврт значеше ослободување и нов почеток. Но, за милиони, пресвртот во годините по повторното обединување значеше пред сè едно: колапс, рече тој додека …

Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија Read More »

Австриските железнички станици затворени поради повеќе закани за бомби


Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА во четвртокот. Досегашните закани беа поврзани со станици во главните градови на различни федерални земји, рече тој. „Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот. Во средата вечерта упатени се …

Австриските железнички станици затворени поради повеќе закани за бомби Read More »

Мексиканската армија уби шест мигранти


Мексикански војници отворија оган врз камионет што се обидел да ја избегне контролата при што убија шест лица. Возилото превезувало 33 мигранти, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Во инцидентот повредени се 10 мигранти во близина на градот Хуикстла, во близина на границата со Гватемала. Групата била составена од државјани на Египет, Непал, Куба, Индија и …

Мексиканската армија уби шест мигранти Read More »

Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците


Главниот командант на Исламската револуционерна гарда на Иран (IRGC), генерал-мајор Хосеин Салами, стоеше пред голем транспарент во командната соба додека користеше телефон за да нареди лансирање на околу 200 балистички ракети кон Израел во вторникот навечер, според видео клип објавен од иранските медиуми. На транспарентот беа прикажани фотографии од тројца мажи чија смрт, според Салами, …

Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците Read More »

Обвинителите велат дека Трамп дејствувал во лично својство кога се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година


 Специјалниот советник Џек Смит, кој го истражува случајот против Доналд Трамп за обид за незаконска промена на резултатите од изборите во 2020 година, во документот објавен денеска тврди дека републиканецот дејствувал во својство на кандидат и затоа не може да има корист од претседателскиот имунитет.  Во обемниот документ од 165 страници, во голема мера преработен …

Обвинителите велат дека Трамп дејствувал во лично својство кога се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година Read More »

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут


Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, откри дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, прифатил 21-дневно примирје, предложено од САД и Франција, само неколку дена пред да биде убиен во силен израелски напад на Бејрут. Во интервју за Си-Ен-Ен, Бу Хабиб потврди дека Либан бил подготвен за примирје, по консултации со Хезболах и …

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут Read More »

Кампањата на Трамп собра повеќе од 160 милиони долари донации во септември


Предизборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со Републиканската партија, собрале повеќе од 160 милиони долари донации во септември, соопшти денеска штабот на републиканскиот кандидат. Ова е за 23 отсто повеќе од собраните 130 милиони долари во претходниот месец. Трамп се соочува со тесна трка против американската потпретседателка Камала Харис …

Кампањата на Трамп собра повеќе од 160 милиони долари донации во септември Read More »