Џо Бајден испрати писмо до Конгресот: Детално објасни што направи Америка досега за да го заштити Израел


Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до американскиот Конгрес и ги информираше за последните случувања на Блискиот Исток и за помошта што Америка досега му ја дава на Израел. Во писмото до Конгресот, Бајден се осврна на бројни детали во врска со настаните на Блискиот Исток и зборуваше за тоа како САД сè уште имаат …

Џо Бајден испрати писмо до Конгресот: Детално објасни што направи Америка досега за да го заштити Израел Read More »

Шпанската влада е против создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ


Портпаролката на шпанската влада Пилар Алегрија денеска изјави дека Мадрид се противи на создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ, според моделот на договорот меѓу Италија и Албанија, откако претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ги повика лидерите на Унијата да го разгледаат ова прашање. Алегрија потсети дека шпанската влада веќе го …

Шпанската влада е против создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ Read More »

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа


Израелската армија тврди дека во воздушен напад го убила командантот на единиците за беспилотни летала на Хамас во северниот дел на Газа, Махмуд ал-Мабух.  Според соопштението на ИДФ, Ал-Мабух бил одговорен за нападите со дронови врз Израел и израелските војници во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.  ИДФ, исто така, соопшти дека ликвидирала оперативци на Хамас …

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа Read More »

Си: Кина е подготвена да им биде пријател и партнер на САД, тоа ќе му користи на светот


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека успешното партнерство меѓу Кина и САД е можност двете земји да бидат двигатели на меѓусебниот развој, а не пречка, јавија кинеските државни медиуми. -Кина е подготвена да им биде партнер и пријател на САД. Тоа ќе биде од корист не само за двете земји, туку и за светот, рече …

Си: Кина е подготвена да им биде пријател и партнер на САД, тоа ќе му користи на светот Read More »

Нетанјаху против договор за примирје доколку не се вклучи и разоружување на Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се согласи со договор за прекин на огнот во Либан доколку не престане со повторното вооружување и прегрупирање на Хезболах. Макрон претходно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, како и крај на извозот …

Нетанјаху против договор за примирје доколку не се вклучи и разоружување на Хезболах Read More »

Би-Би-Си крати 130 работни места и укинува два сервиса


Британската радиодифузна корпорација Би-Би-Си соопшти дека крати 130 работни места во продукцијата на вести и тековните операции, со намалување на трошоците, вклучително и прекин на HARDtalk и приспособениот сервис за вести BBC Asian Network.  Од корпорацијата најавија дека е тоа дел пошироката кампања за намалување на трошоците, во која ќе бидат укинати 500 работни места …

Би-Би-Си крати 130 работни места и укинува два сервиса Read More »

Северна Кореја тврди дека во армијата се пријавиле 1,4 милиона доброволци


Северна Кореја денеска соопшти дека околу 1,4 милиони млади луѓе се пријавиле да се приклучат или да се вратат во војската оваа недела, обвинувајќи ја Јужна Кореја за провокативен напад со беспилотно летало што „ја доведе тензијата до работ на војна“. „Младите, вклучително и студенти и претставници на младински организации кои потпишаа петиции за приклучување …

Северна Кореја тврди дека во армијата се пријавиле 1,4 милиона доброволци Read More »

Остин: Повеќе од 800 ветерани исфрлени од американската војска поради сексуална ориентација ќе добијат чесен отпуст


Повеќе од 800 ветерани кои биле исфрлени од американската војска поради нивната сексуална ориентација ќе добијат почесен отпуст, соопшти денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.  -Под водство на претседателот Бајден, Министерството за одбрана презеде извонредни чекори за да ја поправи штетата нанесена на поранешните припадници на војската од претходната политика, рече Остин во изјавата, …

Остин: Повеќе од 800 ветерани исфрлени од американската војска поради сексуална ориентација ќе добијат чесен отпуст Read More »

Шпанската полиција заплени 13 тони хемикалии наменети за Русија


 Шпанската полиција заплени 13 тони забранети хемикалии, меѓу кои и можен материјал за производство на хемиско оружје. Хемикалиите биле наменети за Русија и покрај санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Приведени се и четири членови на криминален синџир, кој илегално ја снабдувал Русија со хемиски производи преку лажна компанија управувана од „граѓани со …

Шпанската полиција заплени 13 тони хемикалии наменети за Русија Read More »

Иранските авиокомпании ги укинуваат летовите до ЕУ


 Иранските авиокомпании ги прекинуваат врските со дестинации во Европската унија како одговор на новите санкции против земјата, соопшти денеска Иранската новинска агенција за труд (ИЛНА). – Ниту еден ирански авион повеќе нема да лета за Европа, по казнените мерки, изјави генералниот секретар на здружението на иранските авиокомпании, Максуд Асади Самани. ЕУ вчера воведе санкции против …

Иранските авиокомпании ги укинуваат летовите до ЕУ Read More »

Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија


Украина има апсолутно право да гаѓа цели во Русија од каде што беше нападната, врз основа на меѓународното право кое го гарантира правото на самоодбрана, изјави денеска шефот на делегацијата на НАТО во Киев, Патрик Тарнер, наведувајќи дека Киев веќе го користи тоа право. Тарнер во интервју за Укринформ рече дека раководството на НАТО го …

Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија Read More »

Шокантни информации за смртта на фотографот Пол Лоу: Неговиот син Емир е осомничен за убиство


Британскиот фотограф Пол Лоу беше пронајден мртов пред неколку дена, а според новите информации осомничен е неговиот 19-годишен син дека го избодел до смрт. Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес беа испратени во областа околу планината Балди Роуд  во близина на водопадите на кањонот Стодард, каде што откриле маж кој почнал од повреди на …

Шокантни информации за смртта на фотографот Пол Лоу: Неговиот син Емир е осомничен за убиство Read More »

По оваа забрана Прага нема да биде иста: Ќе разочара илјадници туристи


  Прага, еден од најпознатите европски градови по својата богата историја, архитектура и, се разбира, пивото, воведе нова забрана која може драстично да го промени начинот на кој многу туристи го доживуваат ноќниот живот во градот. Локалните пратеници одлучија да забранат организирано „лазење“ во пабови, тури со водич кои ги носат туристите од бар до …

По оваа забрана Прага нема да биде иста: Ќе разочара илјадници туристи Read More »

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе


Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично. Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави – Џорџија, Невада и Северна Каролина. Предвременото гласање стана широко распространета …

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе Read More »

Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро


Имајќи предвид дека само 37 отсто од површинските води се во добра или многу добра еколошка состојба, Европа мора подобро да управува со своите водни ресурси за да им гарантира на граѓаните снабдување со квалитетна вода, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген посочи дека постои итна потреба …

Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро Read More »

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил


На денешниот состаок полската влада ќе разговара за времено укинување на правото на азил, како и стратегија за контрола на илегалната миграција, јави ДПА. Во саботата, премиерот Доналд Туск објави дека планира барем привремено да го суспендира правото на азил. „Земјата мора да ја врати стопроцентната контрола врз тоа кој влегува во Полска“, рече тој …

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил Read More »

Шефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва


Берлин – Шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД, Бруно Кал, ги предупреди членовите на германскиот Парламент во Берлин дека директна воена конфронтација со НАТО „стана опција“ за Москва и дека руската војска веројатно ќе биде во позиција да започне напад врз западната војска до крајот на оваа деценија. На состанокот на шефовите на германските …

Шефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва Read More »

Односите меѓу ЕУ и Швајцарија имаат планина за искачување


Швајцарија и Европската унија сакаат да склучат договор до крајот на годината што ќе ги ресетира односите – но мачните преговори се уште изгледаат далеку од крајот. Советот за општи работи на ЕУ кој ги собира министрите за Европа од 27-те земји-членки на блокот треба денеска да ги „прегледа“ врските меѓу Брисел и Берн на …

Односите меѓу ЕУ и Швајцарија имаат планина за искачување Read More »

Тајван тврди дека пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот


Tajпеј – Тајван пресретнал рекорден број –  153 кинески авиони за еден ден во близина на островот, според податоците објавени денеска од тајванското Министерство за одбрана на крајот од денот на големи кинески воени вежби. Тие летови се реализираа во период од 25 часа што заврши во 06:00 часот по локално време денеска (22:00 часот …

Тајван тврди дека пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот Read More »

Зеленски ќе го претстави својот план за победа на самитот на ЕУ оваа недела, најави Борел


Брисел- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на самитот на Европската унија на 17 и 18 октомври, каде се очекува да го претстави својот план за победа. Тоа го соопшти синоќа на прес-конференција по состанокот на Советот за надворешни работи, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. „Денеска го започнавме нашиот Совет со разговор со …

Зеленски ќе го претстави својот план за победа на самитот на ЕУ оваа недела, најави Борел Read More »