Трамп најави воен комплекс со дронови во Триумфалната капија


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планираната монументална Триумфална капија кај Вашингтон ќе има и воена функција – во неа би биле сместени дронови, снајперисти и резерви на муниција. Проектот, висок околу 76 метри, сè уште ја нема добиено конечната согласност од сите надлежни институции. Трамп соопшти дека одлуката ја донел по, како што наведе, […]

Испливаа детали од разговорот: Трамп упорно му повторувал еден збор на Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека договориле нова средба во Њујорк. Според него, разговорот бил важен и отворил простор за нови дипломатски потези Средбата треба да се одржи на маргините на Генералното собрание на ОН, бидејќи Вашингтон се обидува да ги обнови преговорите за завршување на војната. […]

Јапонија под закана од силен тајфун: Издадено е итно предупредување од највисок степен за регионот на Токио


Силен тајфун денеска се движи кон пацифичкиот брег на Јапонија, а Метеоролошката служба издаде итно предупредување од петти, највисок степен за островот Изу Ошима, поради опасност од одрони. Според Јапонската метеоролошка агенција, бурата се заканува со обилни врнежи во регионот Канто-Кошин, кој го опфаќа и главниот град Токио, како и во регионот Токаи во централниот […]

Јапонија со нов демографски рекорд: Старите лица сочинуваат речиси 30 проценти од населението


Уделот на населението во Јапонија на возраст над 65 години достигна нов рекорд од 29,6 проценти, додека бројот на вработени постари лица е на највисоко ниво досега, според податоците од јапонското Министерство за внатрешни работи. Министерството ги објави податоците пред Денот на почитување на старите лица, што се слави во Јапонија денеска – 21 септември. […]

Припадник на Службата за имиграција застрелал и ранил маж во главниот град на Тексас


Припадник на Службата за имиграција и царинска контрола на САД (ICE) застрелал и ранил маж во Остин, главниот град на сојузната држава Тексас, соопштија локалните власти. На местото на инцидентот набрзо се собрале демонстранти на протести против активностите на Службата. Мажот чиј идентитет не е соопштен, е хоспитализиран во тешка, но стабилна состојба, откако бил […]

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за носење бурки и никаби во италијанските училишта


Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со која ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата. Мелони ова го изјави пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, наведувајќи дека со мерката исто така ќе стане задолжително […]

Кина лансираше девет сателити за превенција од катастрофи


Кина успешно лансираше девет сателити во вселената од пилот-зоната за комерцијални вселенски иновации Донгфенг. Според новинската агенција Синхуа, сателитите првенствено ќе се користат за следење на вселенската средина, спречување и ублажување на катастрофи и научни експерименти. Сателитите беа лансирани во орбитата од ракетата Лиџијанг-1 Y18 и успешно ги достигнаа своите планирани траектории. Според компанијата, серијата […]

САД и Кина разговарале за трговијата и вештачката интелигенција


Трговските прашања и прашањата од областа на вештачката интелигенција биле главните теми на дискусиите на вчера одржаните разговори меѓу американски и кинески претставници во Њујорк, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесент. По состанокот со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, Бесент пред новинарите изјави дека средбата била успешна, како и дека двете страни се договориле повторно […]

Оваа недела дебати во Генералното собрание на ОН


Околу 130 шефови на држави и влади се на средба во Њујорк оваа недела на Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН по година обележана со ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и Украина, како и загриженост за контролата на вештачката интелигенција. Втора година по ред, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се […]

Хутите ги увериле САД дека нема да напаѓаат американски пловила во Црвеното Море


Високопоставен претставник на јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран, изјави дека вооруженото движење ја уверило администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да напаѓа американски пловила во Црвеното Море. Истовремено, Хутите ги предупредија државите да не ѝ се приклучуваат на Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен. Членот на политичкото биро на […]

Обединета Русија на Путин победи на изборите без опозиција


 Партијата Обединета Русија, поддржана од Кремљ, ја обезбеди победата на строго контролираните парламентарни избори во Русија, освојувајќи 49,4 отсто од гласовите според прелиминарните резултати објавени од руските медиуми, пренесе ДПА. Комунистичката партија освои 14,2 отсто, следена од ултранационалистичката ЛДПР со 10,7 отсто и релативно новата Нова народна партија со 9,7 отсто, покажуваат првичните резултати.  Сите […]

Вајдел прогласи победа на покраинските избори и побара оставка на Мерц


Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, прогласи политичка победа на нејзината партија по изборите во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија и побара германскиот канцелар Фридрих Мерц да поднесе оставка.   „АфД е јасно новата народна партија во Германија. Ја надминавме ЦДУ и народот сака политички промени“, изјави Вајдел.   Таа вели дека ЦДУ со […]

Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено


Ако партијата Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите во оваа земја, со ЕУ е завршено и тоа е реалноста, изјави денеска поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската комисија, Романо Проди. Ова е сценариото што Проди го претстави во интервју за весникот „Ил Соле 24 Оре“ на денот на локалните избори во германските […]

Мерц не се повлекува и покрај катастрофалниот пораз на покраинските избори


Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека ќе остане на функцијата и дека ќе продолжи со економските и социјалните реформи на неговата влада, и покрај сериозната загуба на неговата Демо-христијанска унија (ЦДУ) на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и во Берлин. Според првичните проекции на јавниот сервис АРД, ЦДУ освоила само околу пет отсто од гласовите […]

Трамп ќе гради „Триумфалната капија“ за да „лови“ од неа дронови


Планирано ископување за „Триумфалната порта“ на Трамп  ќе започнат во следните две недели, најави секретарот за внатрешни работи Даг Бургум.Според претседателот таа се гради за цели на националната безбедност, тврдејќи дека неговата предложена „Триумфална капија“ ќе се користи и како „воен комплекс од врвна класа“. Трамп на својата платформа на социјалните мрежи во неделата објави дека, […]

Варварски силувања од руските војници во Украина, меѓу нив и дете од четири години


Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови на сексуално насилство врз украински цивили и воени заробеници за време на смртоносната војна, вклучително и силување деца на возраст од само четири години, се наведува во вознемирувачкиот нов извештај на Обединетите нации. „Распространетото“ варварско мачење од страна на војниците, затворскиот персонал и службениците на службата за национална […]

Русија била цел на „повеќе од илјада“ сајбер-напади за време на изборите


Руската Централна изборна комисија во неделата соопшти дека открила „повеќе од илјада“ сајбер-напади насочени кон попречување на парламентарните избори, како и обиди за хакирање на телекомуникациските системи кои покажувале знаци на „украинско мешање“. „Регистрирани се повеќе од илјада DDoS-напади врз руската инфраструктура вклучена во изборниот процес“, изјави Ела Памфилова, претседателка на Централната изборна комисија, пренесуваат […]

Русија со дрон уби свештеник


Русија нападна манастир во Херсонскиот регион во јужна Украина, при што загина еден свештеник и беа ранети четворица други, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски на Икс напиша дека во вчерашниот напад е користен дрон FPV, односно беспилотно летало чиј пилот ја гледа сликата од перспектива на леталото во реално време. Регионалните власти соопштија […]

Европските лидери ја подготвуваат јавноста за „засилена закана“ од Путин


Шведска и Германија распоредија 1.500 војници на Готланд за вежба во Балтикот. Двете војски изведоа вежба за „брзо распоредување“ на Готланд, стратешки важен шведски остров во Балтичкото Море, во услови на растечка загриженост поради Русија. Во петокот, германски трупи се истоварија во Висби, пристанишниот град на Готланд, додека шведските и германските поморски и воздухопловни сили […]

Излезноста на изборите за Државната Дума на Русија надмина 50 проценти


 Излезноста на изборите за пратеници на Државната Дума на Русија со 14 часот по московско време беше 50,46 проценти, објави руската  Централна изборна комисија на својата веб страница. Денес е третиот и последен ден од гласањето на изборите во Русија што почнаа на 18 септември. На повеќето избирачки места, гласањето ќе заврши во 20 часот, […]