Русија била цел на „повеќе од илјада“ сајбер-напади за време на изборите


Руската Централна изборна комисија во неделата соопшти дека открила „повеќе од илјада“ сајбер-напади насочени кон попречување на парламентарните избори, како и обиди за хакирање на телекомуникациските системи кои покажувале знаци на „украинско мешање“.

„Регистрирани се повеќе од илјада DDoS-напади врз руската инфраструктура вклучена во изборниот процес“, изјави Ела Памфилова, претседателка на Централната изборна комисија, пренесуваат руските новински агенции, објави 4news.mk

DDoS-нападите се напади од типот „дистрибуирано оневозможување на услугата“ (Distributed Denial-of-Service). Станува збор за злонамерни обиди да се преоптоварат веб-страници, сервери или мрежи со огромен обем на лажен сообраќај, со што тие стануваат недостапни за легитимните корисници.