Уште една пресуда за Харви Вајнштајн – 15 години затвор за сексуален напад


  Харви Вајнштајн беше осуден на 15 години затвор во средата откако беше осуден за сексуален напад врз поранешната асистентка за ТВ продукција Миријам Хејли во 2006 година во неговиот стан на Менхетен. Хејли се појави на суд во средата наутро и даде изјава. Во својата изјава, Хејли зборуваше за вознемирувањето и понижувањето што го […]

Париско обвинителство истражува употреба на паметни очила за тајно снимање жени


Француски обвинители покренаа истрага за употреба на таканаречените паметни очила за тајно снимање жени и објавување на снимките на интернет. Секој од сторителите се соочува со затворска казна од две години и парична казна од 45.000 евра, соопштија денеска за ДПА правосудните органи во Париз. Претходно, неколку жени поднеле пријави за повреда на приватноста, се […]

Путин: Одзивот на гласачите на парламентарните избори покажа дека Русите ја поддржуваат воената агенда


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека големиот одзив на гласачите на парламентарните избори одржани минатиот викенд покажува дека Русите ги поддржуваат своите вооружени сили кои се борат во Украина, како и напорите на властите да ја заштитат националната безбедност. Путин изборите, одржани од 18 до 20 септември, ги претстави како тест за поддршката на […]

Остар говор на претседателот на Иран во ОН: „Никогаш нема да ги наведнеме главите“


  Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во обраќањето пред Генералното собрание на ОН многу луто реагираше на вчерашниот говор на Доналд Трамп. „Претседателот на САД нè опиша како терористи. Ние сме жртви на тероризам“, вели тој. Тој рече дека САД „бомбардирале училиште“ и дека „деца загинале под бомбите и оружјето користено од САД и Израел“. Тој […]

Пријавени загинати и повредени ширум Украина во најновите руски напади


Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски напади врз повеќе делови на Украина, соопштија денеска официјални претставници. Две лица загинаа во главниот град Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Тој на Телеграм соопшти дека најмалку 22 лица се повредени како последица на руските напади. Русија повторно го нападна Суми во североисточна […]

Комитетот за мир ќе претстави план за обнова на Појасот Газа вреден 2,45 милијарди долари


Комитетот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот состанок ќе презентира шестмесечен план за обнова на Појасот Газа од 2,45 милијарди долари, објави американскиот портал Аксиос. Планот содржи 66 проекти, меѓу кои и проценети трошоци за привремено домување, отстранување на урнатини, поправки на болници, економско закрепнување и распоредување на мултинационални безбедносни сили. Планот […]

САД и Иран имаа тричасовни разговори во ОН


  Ирански претставници одржаа тричасовни разговори со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, на маргините на Генералното собрание на ОН, соопшти во вторникот Доналд Трамп. Тој изјави дека во многу блиска иднина ќе се одржи уште една средба. Виткоф изрази задоволство од средбата, која претставува прв таков контакт откако американскиот потпретседател Џ.Д. Венс се сретна […]

Во Италија од 734 ученици – 560 се странци, од 102 ученици – 100 не знаат италијански


Во неделата италијанската премиерка Џорџа Мелони на младински собир на нејзата десничарска партија Браќа на Италија најави дека нејзината влада се подготвува да забрани прекривки за лицето во училиштата и да го ограничи бројот на странски ученици во еден клас. Италија е меѓу европските земји кои се најизложени на приливот на мигранти поради нејзината географска […]

Прево: Говорот на Трамп во ОН беше предизборна кампања


Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево изјави дека говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред Генералното собрание на Обединети нации беше главно насочен кон среднорочните избори во САД. Според Прево, Трамп уште еднаш демонстрирал светоглед „кој е целосно искривен и дијаметрално спротивен на нашиот“. – Трамп мора да го погрешил состанокот бидејќи испрати основна порака, […]

Будимпешта и Киев пак во кавга, сега за регионална иницијатива


  Унгарија и Украина во вторникот разменија обвинувања откако премиерот Петер Маѓар го отфрли планираниот проект за складирање гориво меѓу МОЛ и „Нафтогас“, како и вклучувањето на Будимпешта во новиот формат за регионална соработка на Киев. Спорот се однесува на меморандумот за разбирање потпишан од унгарската енергетска групација МОЛ и украинската државна компанија „Нафтогас“ за […]

Рубио: Путин не може да ја добие војната против Украина


  Војната во Украина нема да заврши со руска победа, бидејќи руската армија бележи слаби резултати на бојното поле, изјави државниот секретар Марко Рубио. „Оваа војна е лоша и за двете страни. Јасно е дека е лоша за Украина и штетна за Русија. Затоа, нејзиното запирање е сосема логично. Но, за жал, во надворешната политика […]

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН


Бразил, Германија, Индија и Јапонија вчера изјавија дека Советот за безбедност на Обединетите нации има потреба од итна реформа за повторно да може да го одржува меѓународниот мир и безбедност, објавија британските медиуми. „Со оглед на сè попредизвикувачката геополитичка средина, реформата на Советот за безбедност на Обединетите нации е понеопходна од кога било порано“, изјавија […]

Блумберг: ЕУ бара од Украина напредок во реформите пред да и одобри дополнителна помош


Претставници на Европската Унија ѝ порачаа на Украина да очекува напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобри дополнителна буџетска помош за Киев, објави Блумберг. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во седиштето на Обединетите нации во […]

Огромниот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи во следните шест месеци


  Научници климатолози проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да умрат во следните шест месеци поради екстремната топлина предизвикана од „супер Ел Нињо“. Оваа бројка не ги вклучува предвремените смртни случаи кои веќе се последица на зголемувањето на температурите поради климатските промени, пишува Гардијан. Последиците ќе се почувствуваат низ целиот свет, од Индонезија […]

Молдавија прогласи вонредна состојба во енергетскиот и хидролошкиот сектор во траење од 60 денови


Молдавија објави дека прогласила вонредна состојба во енергетскиот и хидролошкиот сектор во траење од 60 дена. Парламентот, со 54 гласа „за“ и 20 „против“, ја одобри иницијативата предложена од владата. Предлог-законот за прогласување вонредна состојба го претстави премиерот Василе Тофан, кој ја истакна неопходноста од таа иницијатива за да се овозможи брзо дејствување и да […]

Средба Рубио – Лавров денеска во Њујорк, најави Стејт департментот


Американскиот државен секретар, Марко Рубио, денеска ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Стејт департментот. Средбата ќе се одржи истиот ден кога е предвидено обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Генералното собрание на светската организација. Зеленски за […]

Шпанскиот премиер смета дека несоодветната реакција на мароканските власти довела до мигрантската криза во Сеута


Шпанскиот премиер, социјалистот Педро Санчез, изјави дека пропусти во контролата на границата од мароканска страна довел до неодамнешната мигрантска криза во Сеута. Повеќе од 70 илјади мигранти влегоа во Сеута од Мароко на 30 и 31 јули. Повеќето од нив се вратиле во Мароко, но неколку илјади мигранти останале на шпанска територија, каде оттогаш ситуацијата […]

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500


Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500, претежно белци од Јужна Африка. Во известувањето до Конгресот, администрацијата наведува дека белците Јужноафриканци се соочуваат со ризик од одземање на земјиште и други форми на прогон и дека веројатно ќе се интегрираат кога ќе пристигнат во […]

Зеленски по средбата со Георгиева во Њујорк: ММФ ќе ѝ помогне на Украина за финансиска стабилност во 2027 година


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ѝ помогне на Украина да обезбеди дел од потребните средства за финансиска стабилност на земјата во 2027 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по денешната средба во Њујорк со извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева. Зеленски за разговорите со Георгиева информираше преку социјалните мрежи, за време на неговиот престој во […]

Макрон од говорницата на ОН предупреди дека во светот „се враќа законот на џунглата“


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк предупреди дека во светот се враќа „законот на џунглата“ и упати апел за цврста поддршка на светската организација. Говорејќи на општата дебата во рамки на 81-та сесија на Генералното собрание, францускиот претседател го постави прашањето за идниот меѓународен поредок. – […]