Јапонија подарува 10 милиони куќи


Земјата на изгрејсонцето подарува или продава по симболична цена повеќе од 10 милиони куќи. Овие куќи инаку се нарекуваат „akiya“, што на јапонски значи „напуштено“ или „празно“. Куќите обично се наоѓаат во руралните делови на земјата и се напуштени откако претходните жители се иселиле во градовите во потрага по подобар живот. Важен проблем тука е […]

Брнабиќ: Се надевам дека Србија нема да мора да ја употреби војската


Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод највите за формирање на Косовска војска изјави дека се надева да Србија нема да мора да ја употреби својата армија. – Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но во моментот тоа е една од опциите на маса, бидејќи не можеме да гледаме ново […]

Србија привремено го затвара царинскиот терминал во Прешево


Српското Министерство за финансии, Царинската управа, објави дека го затвара царинскиот терминал во Прешево поради опаѓање на увозот-извозот. Царинењето, наместо во Прешево, ќе се врши во градот Врање, на околу 40 километри од српско-македонската граница. Од Управата на Царината на Србија денеска одговорија дека терминалот во Прешево не е укинат, туку поради технички проблеми привремено […]

„Ројтерс“ ќе отпушти 3.200 вработени


„Томсон Ројтерс“, една од најголемите новински агенции во светот, планира да отпушти 3.200 лица, што претставува 12 отсто од вкупниот број на вработени и да го намали бројот на редакциите за една третина, од 185 до 133. Како што соопшти компанијата, главна причина за оваа мерка, која треба да биде спорведена до крајот на 2019 […]

Малолетничка станала џихадистка на ИД, сега нејзината мајка ја тужи Австрија


Семејството на Сабина Селимовиќ, која на само 15 години избегала од семејниот дом во Виена и ѝ се приклучила на Исламска држава, планира да ја тужи Австрија. Пред околу четири години, Сабина, заедно со Самра Кесиновиќ (16), избегала и во Сирија и се приклучила на Исламска држава. Тие две биле меѓу првите тинејџерки од Австрија […]

ОАЕ има најмоќен пасош во светот


Пасошот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најмоќниот пасош во светот и со него може да се патува безвизно во дури 113 земји. Доколку го поседувате овој пасош, за да патувате низ светот ќе ви биде потреба виза во само 31 земја. Според Passport Index, второто место го делат Сингапур и Германија со тоа што […]

Во Бразил родено првото бебе по пресадување матка од починат дарител


Во Бразил е родено првото бебе по пресадување матка од починат донатор, објави медицинското научно списание „Лансет“. – Во Сао Паоло на 15 декември 2017 година, со царски рез се роди здраво женско дете, тешко 2,5 килограми. Матката, по десетчасовна операција, била пресадена во 2016 година кај 32-годишна жена, која е родена без матка. По […]

Писмо на Ајнштајн, во кое го негира постоењето на Бог продадено за 2,9 милиони долари


Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет продадено е на аукција за речиси 2,9 милиони долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“. Ајнштајн, во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека […]

Голема акција ширум Европа против италијанската мафија


Во Италија, во Германија, во Белгија и во Холандија утрово спроведени се координирани рации, чии мети биле припадници на италијанската мафија. Германската федерална полиција соопшти дека се извршени претреси на простории кои ги користеле членови на Нгрангета, криминална група од јужниот дел на Италија. Во операцијата имало и „повеќе апсења“, но не е прецизиран нивниот […]

Нападнат домот на грчки министер без ресор


Група од околу 20 маскирани лица, синоќа со камења и молотови коктели ги нападнаа полицајците задолжени за обезбедување на домот на министерот без ресор на Грција, Алекос Флабурарис, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, при инцидентот нема повредени лица, а предизвикана е мала материјална штета на полициско возило. Полицијата при тоа привела […]

Судот во Стразбур наложи Русија да исплати отштета на девојките од „Пуси Рајот“


Франција– Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) соопшти дека не дозволи разгледување на жалбата на Русија и ја задолжи да исплати отштета во вредност од 37.000 евра на членките на панк групата „Пуси рајот“. Претходно, оваа година, рускиот суд пресуди трите пејачки од бендот да бидат затворени поради јавен протест во 2012 година во познатата […]

Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на Кашоги


САД- Двајца американски сенатори изјавија дека „нема сомнеж“ дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информациии на состанок зад затворени врати за заклучоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Таквиот став е спротивен на на тврдењето на Трамп, кој неодамна изјави дека ЦИА „сигурно не нашла апсолутно ништо“ за поврзаноста на Мухамед […]

ОН ќе ја засилат борбата против загадувањето со пластика


САД- ОН планираат да ја засилат борбата со причинителите на загадувањето со пластични маси, кои ги засега жителите на целата планета, изјави претседателката на Генералното собрание на Светската организација, Марија Фернанда Еспиноза. – Дури 80 проценти од пластичните маси завршуваат во океаните. Тоа се меѓу осум и 12 милиони тони, изјави Еспиноза на прес-конференција во […]

Русија – главна тема на средбата на шефовите на дипломатии на земјите од НАТО


Русија е главна тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел. Тие ќе разговараат за начините како Москва да се одврати од дестабилизација на Украина, а воедно и да се охрабри да го почитува Договорот за нуклеарни проектили со среден и кус дострел. Американскиот државен секретар Мајк Помпео […]

Седумгодишно дете заработува по 22 милиони долари годишно


Седумгодишното момче, кое на Јутјуб оценува играчки, заработи 22 милиони долари во 2018 година, најмногу од сите „јутјбери“, се наведува во извештајот на Би-би-си. Списанието „Форбс“ објави дека малиот Рајан од каналот „Ryan Toys Review“ го надмина Џејк Пол за 500.000 долари. Видеата се објавуваат речиси секој ден, а она во кое се рекламира големо […]

Франција се откажа од покачувања на даноците


Жолтите елеци, движењето кое ги започна протестите против покачувањето на даноците, стана симбол на незадоволството од работата на претседателот Емануел Макрон и неговата влада на чело со Едуард Филип. Премиерот Филип објави дека владата ги суспендира планираните покачувања на даноците за горивата за шест месеци. Владата го слушна гневот на француските граѓани, рече Филип и […]

Кабинет на Ципрас: Мицотакис да не си игра со клучните национални прашања


Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение одговараат на изјавата на лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и бараат од него да биде сериозен и „да не си игра си клучните национални прашања”, јави дописничката на МИА од Атина. – Не е доволно што господинот Мицотакис заборава дека во времето на неговата влада […]

Помпео ја нарече ЕУ бирократска


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, пред министерскиот состанок на НАТО во Брисел го нарече Брегзит повик за будење на Европската унија, критикувајќи ја индиректно со оценката дека „место интересите на граѓаните на преден план се ставени интересите на бирократите“. Помпео порача дека има недостиг на лидерство во светот и дека претседателот на САД Доналд […]

Трамп: Заедно со Ши и Путин ќе ја прекинеме трката во вооружување


Сигурен сум дека во еден момент во иднина кинескиот претседател Си Џинпинг и јас, заедно со шефот на руската држава Владимир Путин, ќе почнеме со преговори за прекин на она што стана голема и неконтролирана трка во вооружување, порача американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер. Тој нагласи дека САД оваа година потрошиле 716 милијарди долари […]

Награди „Кенеди“: Шер и Риба Мекентајер меѓу лауреатите


САД- Кенеди центарот вчера на свечена церемонија во Вашингтон им оддаде чест на поп-ѕвездата и актерка Шер, композиторот и пијанист Филип Глас, кантри-ѕвездата и актерка Риба Мекентајер и џез-саксофонистот и композитор Вејн Шортер.  Американскиот претседател Трамп и Меланија Трамп годинава, како и лани не присуствуваа на гала-настанот. Годинешните добитници претходно беа почестени и на гала-вечера […]