Награди „Кенеди“: Шер и Риба Мекентајер меѓу лауреатите


САД- Кенеди центарот вчера на свечена церемонија во Вашингтон им оддаде чест на поп-ѕвездата и актерка Шер, композиторот и пијанист Филип Глас, кантри-ѕвездата и актерка Риба Мекентајер и џез-саксофонистот и композитор Вејн Шортер.  Американскиот претседател Трамп и Меланија Трамп годинава, како и лани не присуствуваа на гала-настанот. Годинешните добитници претходно беа почестени и на гала-вечера во Стејт департментот.

Претседателот обично седи на истото место како и почесните и останатите гости. Повеќето американски претседатели присуствуваа на оваа церемонија и во минатото, но не е преседан и да не се појави претседателот. Претседателите Џими Картер и Бил Клинтон ги пропуштиле церемониите за време на нивните мандати, но во сите случаи присуствувале првите дами.