Франција се откажа од покачувања на даноците


Жолтите елеци, движењето кое ги започна протестите против покачувањето на даноците, стана симбол на незадоволството од работата на претседателот Емануел Макрон и неговата влада на чело со Едуард Филип.

Премиерот Филип објави дека владата ги суспендира планираните покачувања на даноците за горивата за шест месеци. Владата го слушна гневот на француските граѓани, рече Филип и мерките нема да бидат воведени се додека не се одржи вистинска дебата со сите засегнати од нив.

Тоа е гневот на Франција која работи, која работи напорно и која има потешкотии да сврзе крај со крај. Гневот на Францускиот народ чии грбови се до ѕидот, исто така и мајките кои самите ги одгледуваат децата, рече премиерот Филип.