Седумгодишно дете заработува по 22 милиони долари годишно


Седумгодишното момче, кое на Јутјуб оценува играчки, заработи 22 милиони долари во 2018 година, најмногу од сите „јутјбери“, се наведува во извештајот на Би-би-си.

Списанието „Форбс“ објави дека малиот Рајан од каналот „Ryan Toys Review“ го надмина Џејк Пол за 500.000 долари.

Видеата се објавуваат речиси секој ден, а она во кое се рекламира големо сино јајце, каде што се појавува Рајан, во неделата имаше над еден милион прегледи.

На третото место е каналот „The Dude Perfect“ со профит од 20 милиони долари, пренесува „Форбс“.

Кога новинарот на Еј-би-ес го прашал зошто децата ги сакаат неговите видеа, Рајан одговори: „Бидејќи сум забавен и смешен“. Откога каналот беше отворен во март 2015 година, од страна на неговите родители, видеата на Рајан се прегледани скоро 26 милиони пати, а го следат 17,3 милиони луѓе.

Од „Форбс“ велат дека само еден од 22. милиони долари доаѓа од реклами што се појавуваат пред видео, додека други се заработени од спонзорирани објави.

Во август „Волмарт“ започна со продажба на ексклузивни играчки и облека „Рајанов свет“, така што би требало значително да се зголеми заработката на детето во следната година.

Бидејќи сѐ уште е малолетник, 15 проценти од неговиот приход одат на банкарска сметка со која ќе располага кога ќе стане возрасен. Неговата сестра близначка, исто така, се појавува во некои видеа на поврзаниот јутјуб-канал “Ryan’s Family Review”.

Даниел Мидлтон, кој ја игра видеоиграта „Мајнкрафт“, кој ја предводеше листата во 2017 година со 16,5 милиони долари, падна на четвртото место.

Додека Џејк Пол скокна од шестото место на второто место, неговиот брат Логан падна на листата на „Форбс“ на 10. место со 14,5 милиони долари, што е уште три милиони повеќе од 2017 година.