Вучиќ: Протестите поради високите цени на горивата се политички мотивирани


Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод протестите ширум Србија поради високите цени на горивата, денеска изјави дека „секој може да протестира, но притоа да не го крши законот“, обвинувајќи ја притоа опозицијата дека стои зад  протестите. – Ги молам луѓето да бидат трпеливи, во Србија не смее да има насилство и нималку не им се …

Вучиќ: Протестите поради високите цени на горивата се политички мотивирани Read More »

Турција изгради бетонски ѕид на границата со Сирија


Турција ја заврши изградбата на бетонскиот ѕид во должина од 764 километри, долж границата со Сирија. Анкара го започна проектот за изградба на заштитниот ѕид во 2015 година, како дел од мерките за зајканување на безбедноста на границите и борбата против криумчарењето и незаконските гранични премини. Заштитниот ѕид е изграден од бетонски блокови високи три …

Турција изгради бетонски ѕид на границата со Сирија Read More »

Нов протест за „Македонија“ во Атина на 8 јули


„Илјадници граѓани низ цела Грција порачаа дека Македонија е грчка“, „24 градови, еден глас“, „Илјадници граѓани на улици, протестираа за Македонија“, „Македонија е грчка извикаа илјадници граѓани во над 20 градови“, „Мирно и масовно завршија протестите за Македонија“, „24 градови во ритамот на протестите за скопското прашање“, се дел од насловите во грчките медиуми за …

Нов протест за „Македонија“ во Атина на 8 јули Read More »

Србија: За да се обнови населението секој жена треба да има по три деца


За да се обнови населението во Србија неопходно е речиси секоја втора жена да има три деца, изјави српската министерка без ресор, задолжена за демографска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Таа рече дека од 2001 до 2015 година во Србија има половина милион жители помалку, и дека се намалува и бројот на жени во години кога …

Србија: За да се обнови населението секој жена треба да има по три деца Read More »

Aлбански медиуми: Албанија ќе ги дочека најверојатно балканските повратници од ИД


Во Албанија ќе се гради центар за повратници од ИД од балкански држави, објавија албански медиуми. Информацијата ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана со поддршка на јорданскиот крал. – Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји.За тоа предложив …

Aлбански медиуми: Албанија ќе ги дочека најверојатно балканските повратници од ИД Read More »

Протести во 24 градови во Грција: Ќе се брани „грчкиот карактер на Македонија“


Грците ќе дадат уште една битка за грчкиот карактер на Македонија, пишуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на денешните протести во повикот до граѓаните објавен на социјалните мрежи. Освен првично најавените 13 градови, собири денеска ќе има на вкупно 24 места низ цела Грција, од најсеверниот до најјужниот крај. Според …

Протести во 24 градови во Грција: Ќе се брани „грчкиот карактер на Македонија“ Read More »

За десет години 189.000 албански граѓани добиле италијанско државјанство


Италијанскиот Инситут за мултиетнички студии соопшти дека во последните десет години регистрирани се околу 1,1 милион нови Италијанци, од кои 224.000 само лани. Според статистичките податови, италијанско државјанство добиле 189.000 албански граѓани, што претставува 16,6 отсто од вкупниот број. Со тоа албанските граѓани се на второ место на списокот на странци кои добиле државјанство на …

За десет години 189.000 албански граѓани добиле италијанско државјанство Read More »

„Апартманот на Тито“ во Њујорк на продажба за 12 милиони долари


Двокатниот луксузен апартман во Њујорк, сопственост на некогашна СФР Југославија, ќе биде понуден на продажба по цена од 12,1 милиони долари, а добиените пари ќе бидат поделени меѓу земјите наследнички на поранешната југословенска федерација, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Апартманот, кој има шест спални соби и четири бањи, беше користен од амбасадорите на СФРЈ …

„Апартманот на Тито“ во Њујорк на продажба за 12 милиони долари Read More »

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името


Во 13 градови од северниот дел на Грција во среда, на 6 јуни, во 19,30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“. Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, се местата каде организаторите, „Комитетот за борба за грчкиот …

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името Read More »

„Гугл“ на прво место на највредни брендови


Новата листа на највредните брендови во светот е објавена и првпат на неа се наоѓаат две кинески компании. Компанијата „Алибаба“ влезе во првите десет највредни брендови и на тој начин и се приклучи на кинеската технолошка компанија „Тенсент“. На деветото место сега се наоѓа „Алибаба“, основана од Џек Ма, чија вредност двојно се зголеми во …

„Гугл“ на прво место на највредни брендови Read More »

Кинеската „Хисенс“ објави понуда за преземање на сопствеништвото на „Горење“


Компанијата „Хисенс Луксембург апарати за домаќинство“, во состав на кинеската „Хисенс груп“, денеска објави понуда за преземање на преостанатите 67 отсто од сопственичкиот удел во словенечко „Горење“, по цена од 12 евра по акција. Понудата за преземање е објавена во денешниот број на љубљанскиот дневник „Дело“ и е отворена до 26 јуни. Хисенс, кој сега …

Кинеската „Хисенс“ објави понуда за преземање на сопствеништвото на „Горење“ Read More »

Повеќе од 70 лица во Западен Балкан се осудени за тероризам


Од 2016 година до денес судовите во регионот на Западен Балкан осудија и затворија повеќе од 70 лица за тероризам и за учество во странски боишта. За овие дела биле изречени вкупни пресуди од над 380 години. Ова беше соопштено во Тирана на состанокот на претставници на полициски и правосудни органи од земјите на Западен …

Повеќе од 70 лица во Западен Балкан се осудени за тероризам Read More »

Германија одреди доживотен затвор за двајца југословенски разузнавачи


Врховниот суд на Гермнаија со седиште во Карлсруе ги потврди казните доживотен затвор за Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на хрватската и на југословенската тајна служба. ХРТ, повикувајќи се на свои извори, јави дека одлуката за ревизија на постапката е со датум од 2 мај, а датумот за испраќање е денешен. На 3 …

Германија одреди доживотен затвор за двајца југословенски разузнавачи Read More »

Трамп: „Њујорк Тајмс“ користи измислен извор во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини весникот „Њујорк Тајмс“ дека во еден негов напис се повикувал на „измислен извор“ во Белата куќа. Станува збор за текст во кој „Њујорк Тајмс“ цитира „претставник на Белата куќа, кој побарал анонимност“, кој рекол дека дури и да дојде до средба меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, таа …

Трамп: „Њујорк Тајмс“ користи измислен извор во Белата куќа Read More »

Гром удри во автобус со патници во Грција


Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис. Автобусот, во кој се наоѓале двајца возачи и 12 патници, патувал на релација од Александруполис до Орестијада. Громот удрил во автобусот кога тој се наоѓал на 21 километар од Александропулос, по што возилото …

Гром удри во автобус со патници во Грција Read More »

Во Бугарија запленет хероин вреден 6,3 милиони евра


Бугарски цариници соопштија дека заплениле 191 килограм хероин во камион, кој од Турција влегол во Бугарија. Уличната вредност на хероинот изнесува 6,3 милиони евра. Царината информира дека хероин бил пронајден во камион со турски регистарски таблички и превезувал материјал за Белгија. Возачот, турски државјанин, е уапсен и му се заканува казна затвор до 15 години, …

Во Бугарија запленет хероин вреден 6,3 милиони евра Read More »

Дачиќ: Нема никакво тргување со ЕУ поради членство


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека од страна на Србија нема никаква тргување поради некои рокови за членство со ЕУ и дека е тешко да се промени ставот на земјите членки на Унијата, кои го признаа Косово, бидејќи тие ја бранат политиката [to ја водеа во 90-тите на минатиот век. – Едностраното …

Дачиќ: Нема никакво тргување со ЕУ поради членство Read More »

Харадинај: Визите за Косовците ќе бидат укинат до крајот на годинава


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е уверен дека до крајот на годинава граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи. Тој очекува претходно во јуни Косово да добие од Европската унија позитивна оценка за либерализација на визниот режим. – Одиме со неколку чекори. Во јуни ќе ни биде дадена оценка на ЕУ. Но, …

Харадинај: Визите за Косовците ќе бидат укинат до крајот на годинава Read More »

Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, ќе биде пуштен во промет најверојатно на 1 јуни. На конференција за медиуми по денешната владина седница, Харадинај изјави дека според информацијата што ја добил од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, работите на овој пат ќе завршат до 1 …

Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни Read More »

Црна Гора сака да гради ограда на границата со Албанија


Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија со цел да ја запре илегалната миграција, изјави Војислав Драговиќ, началник на службата за обезбедување на црногорската државна граница. Во текот на последните години, Црна Гора се соочува со значително зголемување на бројот на мигранти, што ја минуваат земјата за да стигнат до …

Црна Гора сака да гради ограда на границата со Албанија Read More »