Почина градоначалникот на Гдањск


Градоначалникот на Гдањск денеска почина во болница, кратко соопштија лекарите кои претходно пет часа се бореа за неговиот живот.

Градоначалникот на полскиот град Гдањск вчера беше тешко повреден при напад со нож додека присуствувал на најголемиот хуманитарен настан во земјата.

Павел Адамович беше во критична состојба по петчасовна операција, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е 27-годишник со криминално минато, кој тврдел дека бил неправедно затворен за време на претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович.

На следниот линк погледнете го моментот на нападот на полскиот градоначалник.