Уапсени 700 демонстранти во Франција


За време на протестите на „жолтите елеци“ во Франција денеска се уапсени околу 700 луѓе, од кои 575 во Париз, а меѓу нив 272 се задржани во полиција. Полициските сили од изутрина ги контролираат пунктовите на кои се собираат демонстрантите, притоа одземајќи им ја опремата, како што се заштитни очила, шлемови и спрејови. Превентивните апсења […]

Бандиќ итно пренесен во болница


Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ поради белодробна емболија е сместен во Клиниката за белодробни болести Јордановац. Неговата здравствена состојба е стабилна. Лекарите предвидуваат дека во болница ќе остане околу една седмица, по што ќе продолжи со домашно лекување. Бандиќ пред еден месец имаше фрактура на ногата, а белодробната емболија е една од компликациите до кои […]

Италија: Во клубот имало повеќе гости од дозволеното


Бројот на посетители во ноќниот клуб во италијанскиот град Кориналдо, каде во стампедо загинаа шест лица, бил над максимално дозволените, согласно пропишаните безбедносни стандарди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Матео Салвини. – Инспекторите веруваат дека во клубот имало повеќе луѓе од дозволеното. Неприфатливо е некој да загина на 14-годишна возраст, истакна Салвини. Тој додаде дека […]

Мадуро повлекува 14 тони злато од Англија


Двајца високорангирани функционери во Венецуела ќе отпатуваат во Лондон на разговори со претставници на Централната банка на Англија за враќање на златото во вредност од 550 милиони долари, објави „Бизнис инсајд“. Владата на претседателот Николас Мадуро сака во земјата да врати 14 тони злато, бидејќи стравува од меѓународни санкции. Засега нема официјална потврда од Централната […]

Жолти елеци и во Брисел


Полицијата во Брисел соопшти дека утринава уапсила околу 50 демонстранти од „жолтите елеци“ како превентивна мерка. Локалните власти очекуваат околу 13 часот да започне протест пред зградите на институциите на ЕУ во Брисел. Уапсените биле задржани во Европскиот квартал и во близина на главните железнички станици во градот. Во реонот, каде се очекуваат собирите, е […]

Судири во Франција: солзавец, апсења и оклопни возила


Протестите на „жолтите елеци“ во Франција утрово почнаа драматично, со апсење на 320 лица и фрлање солзавец. На улиците се распоредени 89.000 полицајци и оклопни возила на француската жандармерија. Француската полиција соопшти дека утрово превентивно се уапсени 320 лица под сомнение дека планирале насилства врз луѓе или уништување објекти. Превентивните апсења се спроведени при контролата […]

Место забава – трагедија во Италија: Во стампедо загинаа најмалку шест лица


Во панична турканица во италијански ноќен клуб, загинаа пет малолетници и една жена. Повредени се над 100 лица, меѓу кои 12 се во тешка здравствена состојба. Италијанската пожарникарска служба на Твитер објави дека причината за паника веројатно е прскање на средство за иритација. Осум лица се уапсени денеска поради сомневање дека прскале со гас-солзавец. Според истрагата, […]

Франција подготвена за „жолтите елеци“: На улица 89 илјади полицајци


Франција е подготвена за денешниот протест на „жолтите елеци“. Поставени се кордони, откажани се фудбалските и други спортски натпревари, а според најавата, на улиците ќе има и оклопни возила. Францускиот премиер Едуар Филип вчера изјави дека 89.000 припадници на безбедностите сили ќе бидат распоредени ширум земјата. Според него, од 89.000 припадници на безбедносните сили, 8.000 […]

Анегрет Крамп-Каренбауер избрана за нова претседателка на ЦДУ


Генералната секретарка на германската  Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за нов лидер на партијата, која на таа позиција ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА. Крамп-Каренбауер, долгогодишен сојузник на Меркел, победи во вториот круг од гласањето на Конгресот на ЦДУ во Хамбург, победувајќи го Фридрих Мерц. За неа гласаа 517 делегати […]

Анегрет Крамп Каренбауер и Фридирх Мерц продолжуваат во втор круг на изборот за претседател на ЦДУ


Актуелната генерална секретарка на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп Каренбауер и  поранешниот координатор на пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот, Фридирх Мерц добија најмногу гласови на партиската конвенција, на која се избира наследник на Ангела Меркел. Од вкупно 999 претставници, Крамп Каренбауер доби 450 гласови, а на второ место е Мерц со 392 […]

Путин се надева на затоплување на грчко-руските односи


Рускиот претседател Владимир Путин  денеска изрази надежт дека традиционално топлите односи на Русија со Грција се обновени по спорот, кој се случи претходно оваа година. – Се надевам дека оваа страница навистина е затворена, изјави Путин на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Руските односи со Грција во јули беа нарушени, кога Грција одлучи […]

Миграцијата и штедењето ќе го одредат наследството на Меркел


Германија – Две недели откако објави дека нема да побара друг мандат, германската канцеларка Ангела Меркел стоеше во стара фабрика за локомотиви во источниот град Кемниц, сцената на екстремно-десничарските протести оваа година. Надвор, 2.500 демонстранти извикуваа: „Меркел мора да си оди!“ Внатре, 120 луѓе – повеќето љубезни, но на некој начин непријателски настроени, дојдоа да […]

Асанж не ја прифаќа одлуката на Еквадор да ја напушти Амбасадата во Лондон


Еквадор – За основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е неприфатлива одлуката на претседателот на Еквадор, Ленин Морено, тој да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, изјави неговиот адвокат Бари Полак за весникот „Телеграф“. Претходно, Морено изјави дека властите во Кито постигнале договор со британската Влада, според кој, Асанж нема да биде екстрадиран во земја, каде што […]

Француски адвокати бараат полицијата да престане да користи шок бомби ГЛИ-Ф4


Франција – Група француски адвокати ја повика Владата на Франција да им забрани на полициските сили користење на шок бомбите ГЛИ-Ф4 при справување со насилни протести. При употреба на вакви бомби за време на протестите на „жолтите елеци“ на 24 ноември и 1 декември во Париз, беа повредени неколку лица. Петмина париски адвокати соопштија дека поднеле […]

Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права


Саудиска Арабија– Поранешниот советник во саудискиот кралски дворец, Сауд ал-Катани кој беше соработник на принцот Мохамед бин Салман и беше отпуштен поради неговата улога во убиството на Џамал Кашохи, годинава лично надгледувал мачење на најмалку една уапсена активистка за човекови права, соопштија двајца неименувани претставници на Саудиска Арабија. Жената, како и уште најмалку три други […]

Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации. Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска. Сегашната американска амбасадорка во Светската организација Ники Хејли поднесе оставка во октомври, по 18 месеци минати на функцијата. Се очекува таа […]

Шестмина полицајци повреден при судири меѓу полицијата и демонстранти во Каталонија


Шестмина полицајци се повреден вечерва при судири меѓу група демонстранти и полицијата во градот Жирона во шпанскиот автономен регион Каталонија, за време на протестите по повод 40-годишнината од усвојувањето на Уставот на Шпанија. Како што јави ДПА, за време на протестите полицијата уапси еден демонстрант. Протестите ги организраше група, која себе си се нарекува „антифашисти“, […]

Во Канада уапсен еден од директорите на „Хуавеј“


Кина побара итно ослободување на високиот извршен директор на телекомуникацискиот гигант „Хуавеј“, чие апсење се заканува дека ќе се развие во голем дипломатски инцидент. Пекинг ги повикува и Отава и Вашингтон да ги разјаснат причините за притворање на Менг Ванжоу, глобален главен финансиски директор на кинеската компанија, која беше уапсена во саботата во Ванкувер и […]

Американската амбасада предупреди на можни терористички напади во Црна Гора


Американската амбасада во Подгорица ги предупреди своите државјани на можни терористички напади во Црна Гора за време на претстојните празници. „За време на празниците, безбедносните мерки во Црна Гора остануваат зајакнати поради заканите од меѓународни терористички групи и поединици ширум Европа, инспирирани од екстремистичка идеологија. Екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички места, трговски центри, […]

Инциденти на протестите во Солун и Атина


Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчката престолнина, група маскирани лица се оддели од поворката и ја нападна полицијата со камења и предмети, на […]