Бела куќа: Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светска банка


САД- Ќерката на американскиот преетседател Доналд Трамп, Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светската банка, соопшти Белата куќа.

„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека името на Иванка Трамп се појавува како едно од можните кандидати за таа функција.

Заменик директорот за комуникации на Белата куќа, Џесика Дито рече дека тие наводи не се точни.

Таа посочи дека министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин и в.д. шефот на Кабинет на Белата куќа, Мик Малвени побарале од Иванка Трамп да „помогне во процесот за номинација на американскиот кандидат со оглед на фактот дека последните две години блиско соработува со раководството на Светската банка“.

Инаку, Иванка Трамп е советник на својот татко, претседателот на САД.