Трамп: Ниските цени на нафтата добри за САД, лоша вест за Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на Твитер денеска укажа дека ниските цени на нафтата влијаат позитивно на економијата на САД, но се „лоши вести за Русија“.

– Цените на бензинот паѓаат низ цела Америка и ние сега произведуваме многу повеќе нафта од кога било, се вели во објавата и се додава дека тоа е благодарение на енергетската политика на претседателот Трамп.

– Но ова е лоша вест за Русија. Зошто претседателот би си дозволил такво нешто ако работел за Кремљ, напиша Трамп, алудирајќи на емисијата „Фокс и пријатели“ на која тој синоќа во телефонски разговор беше прашан дали работи за Москва.

Тој на ова прашање одговори дека е „најнавредливото прашање што му било поставено кога и да било досега“.