(ВИДЕО) Градоначалникот на Гдањск во критична состојба по нападот со нож


Градоначалникот на полскиот град Гдањск е тешко повреден при нападот со нож додека присуствувал на најголемиот хуманитарен настан во таа земја. Павел Адамович е во критична состојба по петчасовна операција, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е 27-годишник со криминално минато, кој тврдел дека бил неправедно затворен за време на претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович.

„Адамович претрпе сериозни повреди во пределот на стомакот“, изјави д-р Томаш Стефанијак, директорот на Универзитетскиот клинички центар во Гдањск.

Инцидентот се случи за време на големата божиќна хуманитарна забава на која присуствувале стотици луѓе. ТВ-снимките го покажаа напаѓачот како извикува „Адамович е мртов“ и дека бил мачен во затворот.

„Лекарите успеаја да го реанимираат сериозно повредениот градоначалник. Има надеж, но неговата состојба е многу тешка“, кажа претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Видео снимка објавена на Јутјуб се гледа маж кој се качува на бината и го зема микрофонот, а потоа обвинува дека претходната влада „Граѓанска платформа“ го фрлила в затвор и го мачела.