Мадуро почнува втор мандат, опозицијата го прогласи за диктатор


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа. Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи […]

Радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години


Повторените радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години, тврдат научниците. Тој феномен ја продлабочува мистеријата и нуди потенцијална можност за конечно да се разбере што би можело да исфрли тресок од галаксија оддалечена милијарди светлосни години. Радио тресок или рафалот, како што претпоставуваат научниците, е резултат пред сè – од експлозија на […]

Поради инаетот на Трамп: 800 илјади вработени во сојузната Влада не примаат плата


САД- Откако нагло го прекина состанокот со демократските лидери во Белата куќа за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи сам да се увери каква е состојбата на границата со Мексико. Трамп претходно изјави дека го напуштил состанокот за финансирање на ѕидот на границата на САД со Мексико со демократските конгресни […]

Досега осум жртви од лавина во Австрија


Австрија –  Над илјада лица се заробени во Австрија поради обилните снежни врнежи, кои не престануваат, многумина се целосно отсечени од остатокот на земјата, а досега лавините однесоа осум човечки животи. Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се […]

Индекс на демократија 2018: Норвешка прва, Македонија на 78 место


Англија-Македонија на Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10. Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06. Со индексот […]

Меркел во дводневна посета на Атина


Грција- Под силни безбедносни мерки, со закажани протести, но и забрана за собири, со средби со грчкиот државен врв и веројатно со Договорот од Преспа меѓу темите на агендата, германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигнува во посета на Атина. Во попладневните часови, ќе сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, по што ќе следи прес конференција, […]

Баке-Јенсен: Можна е војна во Европа


Норвешкиот министер за одбрана Франк Баке-Јенсен во обраќањето на седницата на „Военото друштво на Норвешка“ изјави дека постои можност да избие војна помеѓу државите во Европа. Тој додаде дека евентуалниот судир би имал сериозни последици за скандинавските земји. – Развојот на настаните во нашата средина покажува дека повеќе не е незамислив вооружен судир помеѓу државите […]

Пронајдени остатоци од францускиот воен авион, но се уште се трага по пилотите


Остатоци од францускиот воен авион „Мираж 2000Д“, што денеска за време на снежна бура исчезна од радарите во близина на границата со Швајцарија, се пронајдени во Мињовилара, но по двајцата пилоти се уште се трага. – Се надеваме дека ќе ги пронајдеме живи. За сега се водат како исчезнати, изјави портпаролот на француските военовоздухопловни сили […]

Потрага по исчезнатиот француски воен авион


Во тек е потрага по францускиот воен авион со два пилота, што денеска за време на снежна бура исчезна од радарите во близина на границата со Швајцарија. Во потрагата се вклучени припадници на планинската служба за спасување, на полицијата, војници, пожарникари и локални жители. Видливоста во областа е многу мала, има густа магла и врне […]

Милијардерот Џеф Безос се разведува


Милијардерот Џеф Безос, основач и главен извршен директор на „Амазон“, и сопругата Мекензи Безос се разведуваат по 25 години брак, соопшти двојката во заедничката изјава на Твитер. Џеф Безос (54) е најбогат човек во светот, со богатство кое достигна повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговиот удел во „Амазон“, кој повторно стана највредна компанија […]

„Жолтите елеци“ бараат од граѓаните да ги испразнат банкарските сметки


Активисти на „жолтите елеци“ побараа од француските граѓани да ги испразнат своите банкарски сметки и да тргнат во масовен поход на банките. Повикот следува во пресрет на деветиот викенд протести во Париз и ширум Франција, а демонстрантите се надеваат дека тој потег ќе ја натера Владата да ги сослуша нивните барања, пред се нивниот повик […]

(ВИДЕО) Пилот за медал: Го потпре хеликоптерот на планина за да спаси повреден скијач


Сите австриски спасувачки служби, пожарникари, војска и комунални служби за чистење патишта веќе неколку дена се во константна борба со досега најголемите наноси на снег во најголемиот дел на оваа алпска држава. Од лавините посебно посебно е погоден туристичкиот регион Дахстаин, каде на одредени места снежните наноси изнесуваат и до 10 метри. Во текот на […]

Во Словенија секој десетти работник е странец


Секој десетти вработен во Словенија е странец, а речиси половината од странските работници доаѓаат од Босна и Херцеговина. Словенечката служба за статистика објави дека во октомври 2018 година во Словенија биле вработени околу 885.700 лица, што е за 0,9 отсто повеќе отколку во семптември истата година, односно 3,2 проценти повеќе од октомври 2017 година. Меѓу […]

Киднапирана сопругата на Том Хаген, бараат 9 милиони евра за откуп


Норвешката полиција денеска соопшти дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и оти нејзините киднапери барале откуп од девет милиони евра. Главниот истражител Томи Броеске изјави дека Ане-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година. Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор во недвижности и сопственик на 172 енергетски објект, е на листата на 400 […]

Украина планира да стане членка на НАТО по Македонија


Шефот на украинската мисија при НАТО во Брисел, Вадим Пристајко за украинските медиуми изјави дека Украина ги има сите шанси да се приклучи кон Алијансата откако нејзина членка ќе стане Македонија. – Како што знаете, освен Македонија, три други земји, меѓу кои Босна и Херцеговина, Грузија и Украина, се подготвуваат за членството во Алијансата, изјави […]

Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови


Малта ќе им дозволи пристап на нејзина териуторија на 49-те мигранти кои од минатиот месец се блокирани на два хуманитрани брода во близина на нејзините територијални води, соопшти денеска малтешкиот премиер Џозеф Мускат. Двата хуманитарни брода, „Си Воч 3“ и „Си Ај“ пред Нова година ги спасија 49-те мигранти во водите на Средоземното Море и […]

Средба Ципрас-Каменос за иднината на грчката Влада


Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос веројатно в петок ќе одржат средба за иднината на нивната соработка, на која, како што се приближува моментот кога Договорот од Преспа ќе стигне на грчки терен, се чини дека и се гледа крајот, јави дописничката на МИА од Атина. Иако се споменуваше дека средбата […]

Ким Џонг-ун ја заврши посетата на Кина


Возот со Ким Џонг-ун замина од Пекинг, каде што лидерот на Северна Кореја престојуваше во дводневна посета. Тој имаше средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се претпоставува дека зборувале за можен втор Самит на САД и Северна Кореја, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Ким пристигна во Пекинг вчера и имаше едночасновна средба со Си. […]

Унгарците од дијаспората солидарни против Орбан


Унгарците во Белгија синоќа одржаа протестен собир пред европските институции, на кој говореја бројни унгарски опозиционери. Како што јави дописничката на МИА од Брисел. една од пораките на учесниците и организаторите до Македонија беше дека не треба да се надева оти ќе добие екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Протестот под мотото „Стоп Орбан“ и […]

На творецот на ГМО бебињата му се заканува смртна казна


Колегите на кинескиот научник Хе Џианкуј, кој тврди дека создал генетски модифицирани близнаци, отпорни на вирусот на СИДА, тврдат дека му се заканува строга казна, па дури и смртна, поради истражувањата, кои многумина ги сметаат за одвратни. Хе, кој, од декември наводно се наоѓа во притвор во државен стан во Шенџен, може да се соочи […]