Експлозијата во Париз е несреќен случај


Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, кој веднаш го посети местото на експлозијата во Париз, изјави дека билансот од експлозијата е тежок. Министерот исто така појасни дека првите индикации зборуваат очигледно дека станува збор за несреќен случај, и додаде дека  не постојат нови опасности од нови експлозии. Во моментов има најмалку 20 повредени, во […]

(ВИДЕО) Идентификувани загинатите сноубордисти во Банско


Двете лица кои загинаа во снежна лавина на Банско се момчиња на 23 и 30 годишна возраст од Софија, јавува 24 часа.бг. Л.Г. и Д.Д. се лицата кои сакале да се спуштат од врвот Тодорка на нерасчистена патека. За жал, така ја предизвикале лавината од снег и завршиле трагично. Трагедијата била пријавена во 11:28 часот […]

ЕУ бара укинување на смртната казна во Белорусија


Европската Унија реагира на последната смртна казна изречена во Белорусија и потсетува дека смртната казна „не спречува злосторства“. На 9 јануари 36-годишниот Алиаксандр Асипович беше осуден на смртна казна во Белорусија, поради убиство на две девојки кои ги сретнал во ноќен клуб. Европската Унија изрази сочувство до семејствата и блиските на жртвите, но сепак високата […]

Четворица скијачи настрадаа во Банско


Четворица скијачи настрадаа во скијачкиот центар Банско, пишува Пресинг ТВ повикувајќи се на нивни полициски извори. Според нив, станува збор за грчки државјани. двајца од настраданите биле пронајдени под лавина од снег, а биле идентификувани по личните документи. По другите двајца се уште се трага.

Лондон предупредува на можно пропаѓање на Брегзит


Британските пратеници, кои планираат да не го поддржат Договорот за Брегзит, што пред два месеци го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, ризикуваат да предизвикаат блокада на Велика Британија и можност земјата да не ја напушти Европската Унија на предвидениот датум 29 март, предупреди денеска шефот на британската дипломатија Џереми Хант. Доколку британскиот Парламент на […]

Дора Бакојани кандидат за генерален секретар на Советот на Европа


Поранешната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, објави денеска организацијата. Повикот за поднесување на кандидатури за заменик на актуелниот генерален секретар, Торбјорн Јагланд е завршен. Четворица кандидати се пријавиле, меѓу нив и Дора Бакојани, која беше шефица на грчката дипломатија кога Атина го блокираше […]

Во Полска уапсени две лица поради шпионажа


Припадници на полската безбедносна агенција денеска уапсија две лица, еден државјанин на Полска и еден на Кина, под сомнение за шпионажа. Според полските медиуми кинескиот државјанин е вработен во компанијата „Хуавеи“. Според неименуван извор приведениот Полјак „е познат во круговите поврзани со кибер бизнисот“.

И Ватикан ќе може да испрати спортисти на Олимписки игри


Ватикан вчера ја претстави својата официјална спортска екипа составена од 60 тркачи, меѓу кои има свештеници, калуѓерки, припадници на Швајцарската гарда и други претставници на Светата столица. „Атлетика Ватикан“ е спортски сојуз поврзан со Италијанскиот олимписки одбор (ЦОНИ) и во иднина ќе може да учествува на меѓународни спортски настани. – Одамна сонувавме да видиме знаме […]

Пронајдено телото на вториот работник на хидроелектраната „Дубровник“


Телото на вториот работник од хидроелектраната „Дубровник“ е пронајдено синоќа на брегот на морето во Цавтат. Полицијата потврди дека телото на работникот е пронајдено околу 21:50 во Цавтат. Претходно беше потврдено дека телото на еден работник е пронајдено во четврток попладне, а се уште се трага по третиот. Во пожарот, кој вчера утрото изби во […]

Трамп го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос, каде што првично планираше да патува кон крајот на месец. Трамп на Твитер објави дека ваквата одлуката ја донел поради делумната блокада на работата на Федералната администрација. – Поради непопустливоста на демократите во поглед на граничната безбедност и големото значење на […]

Поради поројните дождови во Сирија речиси 11.000 деца живеат во катастрофални услови


Тешките зимски услови и поројните дождови во северозападната сириска провинција Идлиб оставија речиси 11.000 раселени сириски деца во катастрофални услови, предупреди денеска хуманитарна органзиација „Спасете ги децата“. Според организацијата, поројните дождови предизвикале поплави во бегалски кампови. – Хуманитарните претставници на терен укажуваат дека условите се многу тешки и опасни за илјадници деца кои живеат во […]

Во Унгарија запленета марихуана вредна 470.000 евра


Унгарски цариници запленија повеќе од 75 килограми марихуана, чија вредност на црниот пазар во Унгарија се проценува на околу 470.000 евра. Марихуаната била откриена на преминот Реске, унгарско-српската граница, во камионет што го управувал 37-годишен државјанин на Србија, кој е притворен под обвинение за шверц на наркотици. Цариниците на преминот извршиле детален преглед на празениот […]

„Коха“: Трамп подготвува церемонија за потпишување на договор меѓу Србија и Косово


Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува церемонија за потпишување на договор меѓу претседателот на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, тврди во денешното издание приштинскиот весник „Коха Диторе“. Како што пренесуваат српските медиуми, „Коха“ наведува дека на ова му претходел состанок на Тачи со американскиот амбасадор […]

Делегација на ЕУ нема да присуствува на инаугурацијата на Мадуро во Венецуела


Делегација на Европската Унија нема да присуствува на инаугуративната седница на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро денеска во Каракас, потврди портпаролката Маја Коцијанчич. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Коцијанчич потсети дека ЕУ смета дека изборите во Венецуела не беа „ниту слободни, ниту фер“ и изрази жалење што не беа организирани нови регуларни избори. […]

Форд ќе отпушти илјадници работници во Европа


Форд се подготвува за нови рационализации, отпуштања и затворања на фабрики на европскиот континент за да стане порентабилен, најави денеска автомобилската компанија. Една од причините е британскиот пазар, каде Форд продава сѐ помалку возила, а перспективата на Брегзит не влева оптимизам дека ќе се подобри состојбата. Велика Британија е најважниот пазар во Европа за Форд. […]

Приведен советник во косовската Влада од српската гранична полиција, реагира Харадинај


Небојша Јаковљевиќ, советник во Министерството за труд и социјала во Владата на Косово е запрен од српската полиција на граничниот премин Мердаре, меѓу Косово и Србија, недела дена откако истото се случи и со заменикот министер за култура Бобан Станковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Како и во претходниот случај, и овој пат веста […]

Вебер: Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерпектива


Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје и отворање на европерспективата на Македонија. – На сите им е јасно дека прашањето за името мора да биде решено и […]

Штрајк на три аеродроми во Германија


Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штудгарт денеска стапија во штрајк, барајќи зголемување на плата. Штарјкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Штрајот погоди 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, како во Берлин, каде се откажани 90 летови. Синдикатот Вер.ди бара на вработените на контрола на патници, […]

Уапсен маж поради испраќање сомнителни пакети во амбасадите во Австралија


Австралиската полиција упаси 48-годишен маж под сомнение дека испраќал сомнителни пакети до амбасадите и конзулатите ширум Австралија. Повеќе од 12 странски претставништва во Мелбурн и во Канбера вчера добија сомнителни пакети. Полицијата се уште го утврдува точниот состав на материјалот во пакетите. Приведениот е обвинет за испраќање на опасни предмети по пошта, а максималната казна […]

Мадуро почнува втор мандат, опозицијата го прогласи за диктатор


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа. Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи […]