Товарен авион се урна источно од Хјустон


Товарен авион Боинг 767 со три лица се урна во источниот дел на Хјустон, соопштија американските власти.

– Двомоторниот авион се урна денеска во заливот Тринити, изјави Лин Ленсфорд од Федералната администрација за воздухопловство. Не е познато дали има преживеани.

Канцеларијата на окружниот шериф преку Фејсбук соопшти дека авионот е лоциран во северниот крај на заливот. Нема други детали.

Лансфорд рече дека авионот на летот 3591 на авиокомпанија „Атлас ер” полетал порано од Мајами и дека Управата издала предупредување кога официјалните лица го изгубиле радарскиот и авионскиот контакт со леталото кога било на околу 48 милји југоисточно од меѓународниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.