Тридневни антивладини протести во Алжир


Трет ден по ред протестираат граѓаните на Алжир поради намерата на претседателот Абделазиз Бутефлика да добие петти мандат.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Демонстрантите од петокот бараат власта да се откаже од намерата 81-годишниот Бутефлика, кој ретко се појавува во јавност, да учествува на претседателски избори, што се закажани на 18 април.

Бутефлика која е претседател на Алжир од 1999 година, во 2013 година имаше мозочен удар и оттогаш само неколку пати се појавил во јавност, а говор нема одржано со години.

Неговите политички ривали тврдат дека нема докази дека Бутефлика дека е здравствено способен да ја води државата и оти тоа во негово име го прават неговите советници.