Над 40 работници во Индија починаа од отровен алкохол


Повеќе од 40 работници на плантажа за чај во Индија починаа како последица на труење со отровен алкохол, произведен во домашни услови, соопшти индискиот министер за енергетика Тапан Гогои.

Тој додаде дека по конзумирањето на алкохолот биле хоспитализирани уште 45 лица, од кои 20 се во критична состојба.

Индијците често конзумираат алкохол од домашно производство, наречен „хуч“, бидејќи не можат да се дозволат алкохол од индустриско производство. Конзумирањето „хуч“ не ретко има смртни последици.