Крената во воздух зградата на Ескобар


Околу 1.500 жители кои живеат во близина на срушената зграда биле евакуирани поради безбедносни причини, изјави инжинерот Рохелио Гомес.

Колумбискиот претседател Иван Дуке, кој бил тинејџер кога Ескобар беше убиен во 1993 година, рече дека денешното уривање значи дека историјата нема да ја пишуваат сторителите на злочин, туку дека таа ќе биде одбележана со уважување на жртвите, јавува АП.

Градоначалникот на Меделин, Федерико Гутиерез, се залага на местото на срушената зграда да се направи парк посветен на илјадниците жртви на ескобаровиот клан, вклучувајќи и четири претседателски кандидати и околу 500 полицајци.

„Го плаќаме историскиот долг заедно со жртвите”, рече Гутиерез пред рушењето на зградата на Ескобар.

Пензионираниот генерал, Хозе Серано, кој со години беше шеф на елитната единица за случајот Ескобар, ја нарече зградата “криминална тврдина”.

Сепак, некои во Колумбија се сеќаваат на Ескобар, според АП, како „татковска фигура како Робин Худ”, кој на сиромашните им подарувал куќи и ја предводел народната борба против политичките елити.