„Катимерини“: Филип Рикер нов помошник државен секретар на САД


Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“, без при тоа да е наведен изворот на информацијата.

Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја преземе во март.

Рикер е роден во Пенсилванија, а својата младост ја поминал во неколку делови од САД, како и во Австралија. Дипломирал на Јеил во 1986 година, а магистрирал на Тандербирд Факултетот за меѓународен менаџмент во 1991. Оженет е за Солвеи Џонсон Рикер, која исто така е член на Форин Сервисот. Освен англискиот, Рикер течно ги зборува македонскиот, италијанскиот, унгарскиот и германскиот јазик.