Потомка на фамилијата Ганди влегува во политиката на Индија


Потомка на најпознатата политичка династија во Индија формално влезе во политиката и доби влијателна функција во наголемата опозициска партија Индиски национален конгрес кои се подготвуваат за престојните парламентарни избори напролет. Пријанка Ганди Вадра (47) е ќерка на поранешниот премиер Раџив Ганди и на Соња Ганди, поранешна лидерка на партијата како и внук на поранешната премиерка […]

Девојчиња избегале од градинка во Сибир на минус 45 степени


Две петгодишни девојчиња незабележано избегале од градинка во Сибир на температура од минус 45 степени Целзиусови затоа што сакале да одат дома и да ги изненадат родителите. Девојчињата биле пронајдени, но се здобиле со смрзнатини и паднале во состојба на хипотермија. Како што јави Би-Би-Си, тоа бил еден од најстудените денови во регионот. Безбедносните камери […]

Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа


Со високи тонови претпладнево почна пленарната седница во грчкиот Парламентот за ратификација на Договорот од Преспа. Од Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Дендиас, координатор на пратеничката група на Нова демократија, побара да биде доставен македонскиот Устав […]

Хонг Конг претстави закон со кој се казнува навредувањето на химната


Законодавците во Хонг Конг претставија контроверзен закон со кој ќе се казнува навредување на државната химна со до три години затвор и речиси седум илјади долари. Хонг Конг е посебен административен регион на Кина каде сличен закон беше донесен во 2017 година. Казните се предвидени за сите кои „јавно и намерно ќе ја навредат химанта“ […]

„Сони“ поради Брегзит ја преместува европската централа во Холандија


Англија– Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ одлучи својата европска централа да ја премести во Холандија од Велика Британија, поради излегувањето на земјата од Европската унија. – Ќе ја преместиме нашата европска централа во Амстердам, изјави претставник на компанијата и додаде дека целта е избегнување царински процедури. „Сони Јуроп“  така ќе премине под нова филијала основана во […]

Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ


Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција. Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција. Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат […]

Џон Кери го повика Трамп да поднесе оставка


САД – Поранешниот американски државен секретар Џон Кери го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да си поднесе оставка. Кери не исклучи можност да се кандидира на изборите за претседател на САД во 2020 година. – Во моментот не планирам таква можност, но не ја отфрлам, изјави Кери. Тој го оквалификува како срамно запирањето на работата […]

Во Јапонија уапсени Израелци за шверц на четири тони злато


Јапонија- Јапонската полиција уапси двајца Израелци кои се осомничени за незаконски увоз на околу четири тони злато во Јапонија. Шверцуваната стока има вредност од околу 183 милиони долари, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј. Израелците две години внесувале злато во сандаци со автоделови од Хонгконг преку токискиот меѓународен ареродром. Тие во Јапонија незаконски внеле злато најмалку 50 пати. Уапсените […]

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на Договорот од Преспа


Грција- Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер. Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со […]

Оваа недела Сенатот ќе гласа за деблокада на Владата на САД


Лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел изјави денеска дека Сенатот оваа недела ќе се изјасни за предлогот на претседателот Доналд Трамп, со кој треба да заврши делумната блокада на Владата на САД. Меконел потсети дека Трамп пред три дена понуди предлог кој е претставен како компромис и со кој може да се реши […]

Потрагата по исчезнатиот авион на Сала ќе продолжи утре наутро


Потрагата по авионот во кој се наоѓаше рекордниот трансфер на Кардиф Сити, Емилијано Сала, била прекината. Акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот авион, со кој напаѓачот патувал, ќе продолжи рано наутро. Информацијата беше пријавена од страна на полицијата во Гернзи. Сала потпиша со Велшаните пред неколку дена, а сумата од 15,5 милиони фунти, која учесниците во […]

Спасени сите заглавени рудари во косовскиот рудник „Трепча“


Сите рудари кои денеска останаа заглавени во косовскиот рудник „Трепча“, доцна попладнево се извлечени од јамата. Раководството на рудникот соопшти дека сите рудари се во добра здравствена состојба и се вон животна опасност. Околку 100 рудари денеска останаа заглавени на длабочина од 700 метри во јамата „Стари Трг“ на рудникот „Трепча“, откако дојде до прекин […]

Вес Мичел поднесе оставка


Вес Мичел, врвниот дипломат за европски прашања на Стејт департментот, се повлекува од функцијата, дознаваат американските медиуми. Вес Мичел беше особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија. Портфолиото на Мичел во Стејт департментот го вклучуваше и справување со Русија, што е особено чувствително прашање, со оглед на тековните истраги […]

(ВИДЕО) Пијан Русин киднапираше авион и нареди слетување во Сибир


Руската полиција уапси пијан човек кој му се заканувал на членовите на екипажот на патнички авион што летал од сибирскиот град Сургут кон Москва, присилувајќи ги да го спуштат авионот веднаш по полетувањето. Руската истражна комисија соопшти дека човекот го информирал екипажот на „Аерофлот“ дека е вооружен и побарал пренасочување на летот веднаш откако авионот […]

Стотина рудари заглавени во косовскиот рудник „Трепча“


Околку 100 рудари останаа заглавени во јамата на косовскиот рудник „Трепча“ на длабочина од 700 метри, поради прекин на електричната енергија до кој дошло поради пожар на трафостаница во рамки на рударскиот комплекс. Директорот за флотација во рудникот Џафер Пеци соопшти дека досега од јамата се извлечени 29 рудари, кои биле заглавени на 11-то ниво. […]

Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата. Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја поврати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони […]

Ајфеловата кула привремено затворена


Ајфеловата кула денеска е привремено затворена поради обемни врнежи снег, соопшти администрацијата на споменикот. Пристапот на туристи до Ајфеловата кула постојано се забранува во услови на лошо време. Локалните власти во седум области во северозападна Гранција за денеска и утре се во зголемена готовност за реализација на вонредни планови, со оглед на тоа што се […]

ЕУ побара од Албанија да се фокусира на реформите


Амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца денеска ја повтори пораката дека земјите од ЕУ ги следат резултатите на албанската Влада во борбата против корупцијата и организираниот криминал. – Она што земјите членки го очекуваат од Албанија беше јасно кажано во јуни минатата година, а тоа е да се консолидира напредокот на клучните […]

Анкета: Луѓето повеќе им веруваат на своите роботодавачи, отколку на владите


Луѓето во светот имаат поголема доверба во своите компании отколку во политичките лидери, покажа истражување кое во исто време укажа на доминантна несигурност и песимизам пред Светскиот економски форум во Давос. Годишното истражување „Еделман Траст Барометар“ (Edelman Trust Barometer) покажа дека секој петти човек верува дека економскиот, политичкиот и социјалниот систем работат за него, додека […]

САД ќе почнат процес за екстрадиција на директорката на „Хуавеј“


САД ќе почнат процес за службена екстрадиција на директорката на „Хуавеј“ Менг Ванжу од Канада, изјави канадскиот амбасадор во САД Дејвид Мекнотон, што е чекор кој дополнително ќе ги отежне односите со Кина. Во интервју за канадски медиуми, Мекнотон рече дека САД и најавиле на Канада дека бараат нејзина екстрадиција, но не прецизира кога САД […]