„Фајненшал тајмс“ за 2019 година: Брегзит ќе биде запрен, Трамп ќе оди на суд


Англија – Дел од предвидувања на Фајненшал тајмс за 2019 година. Во 2018 година осум од нивните 20 анализи беа погрешни. Дали ќе биде запрен брегзит? ДА. Во пет до 12 велика Британија ќе се одлободи од тој акт на самоповредуавње. Брегзит значи брегзит, рече Меј во 2016 година, но по две години горчливи аргументи дури […]

ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето


Белгија – Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да му се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето. Предлогот за овој комплексен зафат дојде од Европската Комисија минатата година. Известувачот во Европскиот Парламент, Марита Улвског, е на истата линија на со ЕК, но таа смета дека промените треба да […]

Ципрас: Договорот од Преспа е историски чекор за цела Европа


Грција – Со видео во траење од речиси две минути, објавено на социјалните мрежи, грчкиот премиер Алексис Ципрас, на граѓаните им ги разрешува дилемите за Договорот од Преспа. -Дојде време да ја дознаеме вистината, е пораката на почетокот од видеото во кое се користени инсерти од потпишувањето на договорот, а во продолжение и делови од договорот, […]

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија


Белгија – Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју , раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат. Како ја откривте оваа мрежа? Имам веб страница за проверка […]

Политичките и бизнис лидери на форум во Давос


Швајцарија- Светските политички и бизнис лидери се собираат во швајцарскиот град Давос денес за да разгледаат каква политика ќе следат соочени со опасностите предизвикани од забавениот економски раст. Светскиот економски форум ќе трае до 25 јануари. Основната тема е глобализацијата во перидот на четвртата индустриска револуција, но организаторите ќе одделат внимание и за признаците на […]

Европската комисија предупредува на злоупотреби при „купување“ државјанства во ЕУ


Европската комисија ќе испрати официјално предупредување до земјите членки дека програмите во некои држави на ЕУ кои дозволуваат богати странци да добиваат државјанство, можат да го зголемат ризикот од корупција, затајување данок и перење пари. Овие предупредувања се содржани во извештајот што го подготви Комисијата и кој ќе биде објавен в среда. Малта, Кипар и […]

Десетмина загинати при пожар на два брода во Керчинскиот Теснец


Најмалку 10 лица загинаа во пожари што избувнаа на два брода, што пловат под знаме на Танзанија, во водите на Керчинскиот Теснец, соопшти вечерва руската Федерална агенција за поморска и речна пловидба. Агенцијата претходно информираше дека пожарите избувнале откако на едниот од бродовите се случила експлозија, по што членови на нивните екипажи почнале да скокаат […]

 (ВИДЕО) Два брода горат во Керчинскиот Теснец


Два брода, што пловат под знаме на Танзанија, горат во водите на Керчинскиот Теснец, откако на едниот од нив се случила експлозија, соопшти Прес-службата на руската Федерална агенција за поморска и речна пловидба. Во соопштението се посочува дека експлозијата се случила на брод што превезувал гас, по што членови на екипажот на пловилото почнале да […]

Принцот Вилијам во Давос: Ќе дискутира за менталното здравје


Швајцарија – Лидери и угледни личности, меѓу кои и поборникот за заштита на природната средина Сер Дејвид Атенборо, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Вилијам и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн, ќе се сретнат во Давос за годишниот собир на Светскиот економски форум во 2019 година. Тие се меѓу трите […]

Русија почнува судски процедури против „Твитер“ и против „Фејсбук“


Рускиот државен регулатор во сферета на комуникациите Роскомнадзор, соопшти дека почнале судски процес проти американските интернет компании Твитер и Фејсбук. Тие се обвинети за непочитување закони со кои се бара лични податоци на руски корисници на социјалните мрежи да бидат чувани на сервери во Русија. – Тие компании претставија само формални одговори на нашите барања […]

Утре средба на Весели, Харадинај и Коснет за укинување на таксата кон Србија


Претседателот на косовското Собрание Кадри весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА […]

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Брегзит е закана за мирот во Северна Ирска


Брегзит е закана за мирот во Северна Ирска, пишува денеска германскиот конзервативен весник „Франкфуртер алгемајне Цајтунг“ по бомбашкиот напад во Лондондери. – Експлозијата ја потресе земјата која веќе е поделена многу повеќе отколку што беше во минатото… Покрај се, од референдумот за Брегзит во 2016 година, можноста за „тешка“ граница со Европската унија стана закана […]

Се здружуваат „Тојота“ и „Панасоник“ – ќе прават заедно батерии за електрични возила


Јапонските компании Тојота Мотор и Панасоник од идната година ќе се здружат за да произведуваат батерии за електрични возила во обни да им конкурираат на кинеските ривали, тврат јапонски медиуми. Во заедничкиот потфат Тојота ќе има 51 отсто удел додека 49 отсто Панасоник. Со тој план, би се обезбедувале батерии и за партнерите на Тојота, […]

Анкета: Паѓа довербата во Путин


Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин „престана да биде неранлив“ што е последица од влошувањето на условите за живот во Русија, пишува рускиот весник „Ведомости“. Првото социолошко истражување годинава, спроведено од страна на социолошкиот центар ВЦИОМ, покажува дека рејтингот на Путин продолжува да паѓа, односно денес доверба во рускиот претседател имаат 33,4 отсто од граѓаните, […]

Земан: ЕК е бирократски орган, а се однесува како влада


По изборите за Европскиот парламент во мај Европската комисија треба да престане да се однесува како европска влада, и излегувањето на Велика Британија од заедницата треба да биде направено максимално прифатливо за двете страни, нагласува чешкиот претседател Милош Земан во интервју за прашки „Блеск“. – Европската комисија е бирократски орган, но се однесува како европска […]

Теохаропулис избришан од Движење на Промена поради позитивниот став за Договорот од Преспа


Претседателот на Демократска левица, Танасис Теохаропулос, е избришан од пратеничката група на Движење на промена во кое коалицира заедно со ПАСОК поради неговиот став да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. -Ставот на господинот Теохаропулос да гласа за Договорот од Преспа, објективно му служи на господинот Ципрас и […]

Брегзит: На маса ревизија на ирскиот мировен договор за да се надмине ќорсокакот


Европските медиуми ја пренесуваат информацијата на “Дејли Телеграф“ утрово дека британската премиерка, Тереза Меј, ја разгледува можноста за измени на спогодбата на помирување помеѓу Ирска и Северна Ирска, јавува дописничката на МИА во Брисел. “Дејли Телеграф“ тврди дека Меј се подготвува да предложи амандман на Договорот од Светиот Петок од 1998 година со кој се стави […]

Косово од денеска со Министерство за одбрана


Косово – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово свечено ја откри таблата на влезот на новото Министерство за одбрана на Косово, со што симболично го одбележа подигнувањето на повисоко ниво на досегашното Министерство за безбедносните сили на Косово (ФСК). – Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана“ од денеска Косово го формализира […]

Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа


Грција – Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана […]

Самитот во Давос без „петката“ од Советот за безбедност на ОН


Швајцарија –  Во Давос од утре до 25 јануари се одржува економскиот форум каде ќе бидат светските челници и на кој ќе се зборува за стратегии за иднината и ќе се обиде да се најдат одгвоори за актуелните проблеми. Овогодишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос ќе биде фокусиран на долгорочни глобални проблеми како […]