(Видео) Запалени автомобили и молотови коктели во Гренобл


Демонстрантите палеа автомобили и фрлаа молотови коктели од покривите на четвртата последователна ноќ на немири во францускиот град Гренобл предизвикани по смртта на двајца тинејџери во полициска потера, пренесува РТ.
Снимките од немирите ги покажуваат возилата во пламен откако биле превртени и запалени од демонстрантите, по што на местото на настанот биле распоредени пожарникари и полиција која се обидува да ги смири насилствата со употреба на солзавец.
Насилството, претежно фокусирано во областа Мистрал, е предизвикано од смртта на две момчиња на возраст од 17 и 19 години кои загинаа за време на полициската потера во саботата, во текот на која се судриле со автобус додека возеле украден скутер. Демонстрантите ја обвинија полицијата за нивната смрт.
Во текот на немирите беа изгорени најмалку 65 возила. За разлика од насилните инциденти, околу 2.000 луѓе присуствуваа на мирен марш во спомен на двајцата тинејџери кои починаа во полициската потера.