(ФОТО) Копенхаген ќе гради бизнис зона и огромен парк на вештачки острови


Со оглед на тоа дека просторот во Копенхаген е ограничен, данската влада во соработка со градоначалниците од Копенхаген донесоа одлука да направат девет вештачки острови, на кои, како што се надеваат, ќе никне нов бизнис центар.

Новата островска индустриска зона која ќе се гради на 10 километри од јужниот брег на Копенхаген би требало да биде готова до 2040 година, а првите острови ќе ја пробијат површината на морето во 2022 година, а проектот ќе чини 425 милиони евра.

Проектот под називот „Холмене“ подразбира изградба на девет вештачки острови кои ќе се искористат за изградба на деловни згради и огромна јавна природна површина, со цел да се зголеми привлечноста на данската престолнина во очите на бизнис светот и би можел да отвори 12.000 работи места, изјави министерот за внатрешни работи на Данска Симон Емили Амитцебел-Бил.

Данската влада смета дека проектот ќе го реши проблемот со недостаток на земјиште во главниот град така што ќе создаде 3,1 милиони квадратни метри нов простор.

Се планира тој простор да се искористи за стационирање на 380 фирми, како и за 700.000 квадратни метри зелена површина.

Освен тоа, со привлекувањето на меѓународни фирми се смета дека ќе се привлечат околу осум милијарди долари економски активности годишно.