Научници докажаа дека луѓето можат да учат додека спијат


Швајцарски научници открија дека луѓето додека спијат можат да запаметат сосема непознати зборови. Додека спие, човекот може несвесно да научи нови зборови и да прави асоцијации со познати концепти. Ова го потврдија швајцарските психолози професорката Катарина Хенке и нејзините колеги Марк Кутст и Симон Рух. Тројцата истражувачи од Берн го извршија следниов експеримент со 41 […]

„Буба“ со потпис на Путин продадена за 20.000 евра


„Буба“ потпишана од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели. Кнајсел во интервју за „Комерсант“ рече дека „бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција. – Не ни припаѓаше на нам, ние ја добивме само за свадбата, […]

По несреќата во Етиопија, приземјени 100 авиони


Кинеското цивилно воздухопловство им нареди на сите авио-компании привремено да ги запрат летовите на авионите „Боинг 737 Мах 83. Овој потег следи по авионската несреќа во Етиопија, кога падна еден таков авион, а одлуката ќе биде на сила девет часа. Како што појаснија, се работи за безбедносна мерка, затоа што тоа е втора несреќа на […]

(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек


Бура со оркански ветар ја погоди Германија во неделата, што доведе до откажување и одлагање на авионски летови, особено на западот од земјата. Полицијата соопшти дека 47-годишен возач загинал кога на неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, на околу 100 километри североисточно од Келн, пренесе АП. Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека го сопрела регионалниот […]

Грција на дневен ред на министрите за финансии на еврозоната


Белгија-Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе разговараат за реформскиот напредок на Атина во рамките на мониторинг програмата, започната во август 2018, откако земјата излезе од планот за спасување. Министрите, прво во формат на членките на еврозоната ќе го разгледуваат вториот извештај за реформскиот напредок во рамките на засилениот мониторинг на Грција. Извештајот, објавен минатиот […]

„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони


Етиопија- Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашната несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица. Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа. – Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, […]

Трагедија: Словачки политичар загуби цело семејство во урнатиот авион на „Етиопијан Ерлајнс“


Авионот на „Етиопијан Ерлајнс“ кој полета од Адис Абеба на пат до Најроби беше кобен за сите 157 патници и членови на екипажот. Леталото се урна по шест минути од полетувањето во етиопската престолнина и во него загинаа државјани на повеќе од 33 земји. Агенцијата „Танјуг“ јави дека меѓу загинатите е и државјанин на Србија […]

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин


Поради бура со оркански ветер во западниот дел на Германија, железничката компанија „Дојчебан“ го прекина регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долгите дестинации. Компанијата соопшти дека возовите се запрени во станиците во Северна Рајна Вестфалија поради тоа што неколку линии се блокирани откако паднало дрво на шините. Метеоролошката служба издаде предупредување за делови […]

Ердоган ги обвини учесничките на протестниот марш за непочитување на верата


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини женскиот марш во центарот на Истанбул за непочитување на исламот, бидејќи „учесничките на собирот гласно негодуваа на повикот за молитва“. Неколку илјади жени во петокот се собраа на марш по повод Меѓународниот ден на жената, но полицијата ги растера, користејќи солзавец. Ердоган на предизборен митинг денеска прикажа […]

(ФОТО) Како денес изгледа синот на Мајкл Џексон со кого Кралот на попот мавташе преку балкон


Мајкл Џексон Помладиот на јавноста ѝ е одамна познат како бебето во ќебе, или Blanket Baby, бидејќи неговиот татко како бебе го префрли преку балконот на еден берлински хотел, завиткан во ќебенце, и со него мавташе пред насобраните новинари. Малиот Мајкл сега има 17 години и веќе долго време не се појавил во јавност. Скандалот […]

Кина лансираше нов комуникациски сателит во вселената


Кина во вселената го лансираше комуникацискиот сателит наречен „ChinaSat-6C“, пренесе агенцијата Анадолија повикувајќи се на Синхуа. Комуникацискиот сателит „ChinaSat-6C“, развиен од страна на кинеската Академија за вселенска технологија, е лансиран од Центарот за лансирање на сателити во Шичанг со ракетата наречена „Long March-3B“. Сателитот, кој ќе овозможи комуникациски услуги од висок квалитет за телевизиите и […]

Трамп ќе бара дополнителни 8,6 милијарди долари за ѕидот со Мексико


Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе побара од Конгресот дополнителни 8,6 милијарди долари за изградба на ѕидот на американско-мексиканската граница, изјавија американски официјални претставници. Трамп ја вети изградбата на ѕидот за да ја спречи илегалната миграција и трговијата со луѓе и наркотици. Сумата е шестпати поголема од таа што ја одобри Конгресот за гранични проекти […]

(ФОТО) Објавена првата фотографија од местото каде се урна етиопскиот авион


Компанијата „Етиопијан ерлјанс“ објави фотографија од местото на падот на авионот Боинг 737. Во соопштението покрај фотографијата, директорот на компанијата, кој се наоѓа на фотографијата, дошол до местото на несреќата и може да потврди дека нема преживеани. Од компанијата им изразија длабоко сочувство на семејствата на жртвите. Портпаролот на етиопскиот авиопревозник „Етиопијан ерлјанс“, чиј авион […]

Бомбата најдена кај американски дипломат на аеродром во Москва била без експлозив


Портпаролот на Стејт департментот изјави дека гранатата која била пронајдена на московскиот аеродром Шереметјево во багажот на вработен во американската Амбасада не била опасна. – Запознаени сме со инцидентот кој се случи вчера на аеродромот Шереметјево во Москва во кој учествувал службеник на американската Амбасада, рекол портпарол на Стејт департментот. Тој потврди дека „ситуацијата е […]

Триесет лица повредени во авион на „Туркиш ерлајнс“ поради силни турбуленции


Вкупно 30 лица кои вчера биле на лет од Истанбул до Њујорк биле повредени откако авионот на „Туркиш Ерлајнс“ во кој се наоѓале бил зафатен со силни турбуленции, соопшти денеска авиокомпанијата. – Дваесет и осум од нашите патници и двајца членови на екипажот беа полесно повредени поради турбуленции на нашиот лет кон аеродромот ЏФК во […]

Најдена граната кај американски дипломат во Москва, Стејт департментот се огласи за инцидентот


Портпаролот на Стејт департментот изјави дека гранатата која била пронајдена на московскиот аеродром Шереметјево во багажот на вработен во американската Амбасада не била опасна. – Запознаени сме со инцидентот кој се случи вчера на аеродромот Шереметјево во Москва во кој учествувал службеник на американската Амбасада, рекол портпарол на Стејт департментот. Тој потврди дека „ситуацијата е […]

Официјално: Сите патници во Боингот на „Етиопијан ерлајнс“ се загинати


Сите патници кои биле во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кој се урна кратко по полетувањето загинале во падот, соопштуваат од компанијата, а пренесува „Би-би-си“. Everyone on board Ethiopian Airlines jet died in crash, spokesman says – victims were from 33 nationalities Live updates: https://t.co/yXWOHt8cQd pic.twitter.com/J8z7FfMZMC — BBC Breaking News (@BBCBreaking) March 10, 2019 149 патници […]

Авион на „Етиопијан ерлајнс“ со 157 патници се урна шест минути по полетувањето


Авион на „Етиопиан ерлајнс“ со 157 патници и членови на екипаж денеска се урна шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, но се уште нема информации за судбината на луѓето кои биле во леталото. Боингот 737 бил на редовен лет од Адис Абеба до Најроби кога од, за сега непознати причини, се урнал […]

Парламентарни избори во Северна Кореја


Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и лидерот Ким Џонг-ун, денеска гласаат на парламентарни избори. Севернокорејците ќе изберат 700 членови на Врховното народно собрание, кое, на хартија, е највисок орган на власт во земјата. Изборите се одржуваат секоја петта година и, како што наведуваат светските агенции, претставуваат повеќе одобрување или многу ретко неодобрување на […]

Дел од Венецуела четврти ден е без струја


Во дел од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време. Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јавуваат светските агенции. Населението нема вода за пиење, а во болниците снемува лекови. Во Венецуела вчера беа одржани два собири, […]