„Буба“ со потпис на Путин продадена за 20.000 евра


„Буба“ потпишана од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели.

Кнајсел во интервју за „Комерсант“ рече дека „бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција.

– Не ни припаѓаше на нам, ние ја добивме само за свадбата, а тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели – рече Карин Кнајсел.

Путин на 18 август присуствуваше на венчавката на Кнајсел во Австрија и се потпиша на „бубата“ на брачниот пар.