Војната и сиромаштијата носат глад, Јемен најзагрозен


Недостигот храна, до кој доаѓа како последица од војна, сиромаштија и екстремни временски услови годинава ќе загрози десетици милиони луѓе ширум планетата, предупреди денеска „Глобалната мрежа за борба против недостиг на храна“. Аналитичарите на „Глобалната мрежа“ како главни виновници за очајната ситуација поради која во 2018 година беше потребна помош за повеќе од 113 милиони …

Војната и сиромаштијата носат глад, Јемен најзагрозен Read More »

Во Иран евакуирани 70 села поради поплави


Иранската Влада денеска нареди евакуација на 70 села поради опасност од поплави во провинцијата Кузестан која е богата со нафта. Селата се наоѓаат во близина на реките Дез и Карке. Најмалку 47 лица загинаа во последните две недели во поплавите кои, после најобилните врнежи во последните 10 години погодија повеќе ирански провинции, од северот до …

Во Иран евакуирани 70 села поради поплави Read More »

Германска професорка: Не раѓајте, не нѝ се потребни нови деца!


Ни Германија повеќе не може без скандали, а последниот го предизвика 38-годишна гимназиска професорка Верена Брауншвајгер со нејзината книга – манифест „Нераѓање место бездетност“. Брауншвајгер во својот манифест немаше „влакна на јазикот“, па без обиколување напиша „не нѝ се потребни нови деца“ затоа што нивното раѓање ќе ја загрози климатската ситуација на планетата. Токму така. …

Германска професорка: Не раѓајте, не нѝ се потребни нови деца! Read More »

Експлозија во зградата на Воената академија во Санкт Петербург


Во зградата на воено-вселенската академија „А.Ф.Можајски“ во Санкт Петербург избувнала експлозија, при што четири лица се повредени, изјави анонимен претставник на Службите за итна помош во регионот. Засега се уште нема официјална потврда за оваа информација од страна на Академијата. Воено-вселенската академија „А.Ф.Можајски“ е еден од најголемите воени универзитети во Русија, каде се школуваат пилоти …

Експлозија во зградата на Воената академија во Санкт Петербург Read More »

Барние: Хаотичен Брегзит е се поверојатен


Хаотичен Брегзит, односно излез на Велика Британија од ЕУ без договор, е секој ден се поверојатен, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние. Таквата изјава на Барние доаѓа откако британскиот Парламент синоќа повторно не успеа да најде алтернатива за договорот за Брегзит, кој го предложи премиерката Тереза Меј. И покрај лошата прогноза, Барние …

Барние: Хаотичен Брегзит е се поверојатен Read More »

Уште една жена го обвини Џо Бајден за непримерно однесување


САД – Ејми Лапос (43) го обвини поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за непримерно однесување, откако вчера истото го стори уште една жена. Лапос тврди дека Бајден го допирал нејзиното лице со двете раце и го триел носот од нејзиниот нос пред 10 години, јави Би-Би-Си. Лапос, која е поранешна помошничка на Бајден вели дека …

Уште една жена го обвини Џо Бајден за непримерно однесување Read More »

За купување цигари во Њујорк зголемена границата на 21-годишна возраст


САД – Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година. Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи на сила во рок од 120 дена. …

За купување цигари во Њујорк зголемена границата на 21-годишна возраст Read More »

Во Полска се палат книги и во 21 век


Свештениците од католичката парохија во Гдањск, во северна Полска, палеа книги, вклучувајќи и серија книги за волшебникот Хари Потер и други работи за кои нивните сопственици тврдат дека во нив има зли сили. Католичката фондација, која користи неконвенционални методи во верската работа, објави фотографии на Фејсбук и наведе дека палењето на книгите треба да ги …

Во Полска се палат книги и во 21 век Read More »

Претседателот на Алжир ќе поднесе оставка по 20 години на власт


Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика денеска изјави дека ќе поднесе оставка пред истекот неговиот четврти мандат, 28 април. Во краткото соопштение од претседателскиот кабинет се наведува дека Бутефлика ќе преземе „важни чекори за да обезбеди континуитет во функционирањето на државните институции“ во текот на преодниот период по неговата оставка. Милиони Алжирци секоја недела протестираат барајќи …

Претседателот на Алжир ќе поднесе оставка по 20 години на власт Read More »

Столтенберг: САД се силно посветени на НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е уверен дека САД се силно посветени на Северноатлантската алијанса и покрај критиките упатени до претседателот Доналд Трамп. За Столтенберг нема сомнеж дека НАТО има целосна поддршка од Трамп и покрај неговите контроверзни изјави и гласини дека тој би можел да ги повлече САД од Алијансата. Неодамна двајца поранешни …

Столтенберг: САД се силно посветени на НАТО Read More »

Најмалку 40 повредени во судар на тролејбус и трамвај во Чешка


Најмалку 40 лица се повредени во директен судар на трамвај и тролејбус во чешкиот град Брно. Противпожарната служба соопшти дека сударот се случил на прометна улица и дека повредените патници се од тролејбусот, додека трамвајот бил празен и во него се наоѓал само возачот. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Во Париз цената на квадратен метар надмина 10.000 евра


Во првиот квартал од 2019 година, цената на станбен квадратен метар во Париз надмина 10.000 евра во старите градби. За 10 години, цената по квадратен метар се зголеми за 62,5 проценти во главниот град на Франција. Според податоци од истражувањето на „Вентури 21“ во моментот квадратен метар во Париз чини 10.005 евра. Во 2009 година, …

Во Париз цената на квадратен метар надмина 10.000 евра Read More »

Петицијата за откажување од Брегзит собра повеќе од шест милиони потписи


Петицијата со која се бара од британската Влада да го повлече членот 50 и да го преиспита својот план за излез од Европската унија, помина шест милиони потписи, еден и пол ден откако Британија требаше да ја напушти Европската унија. Весникот „Гардијан“ инфомира дека британските пратеници денеска треба да дискутираат за петицијата. Владата на премиерката …

Петицијата за откажување од Брегзит собра повеќе од шест милиони потписи Read More »

Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки


Една од најбогатите Русинки, Наталија Филева, сосопственик на авиокомпанијата „Ѕ7“, загина во авионска несреќа во Германија. Филева (55) летала со мал авион „епик LT“ со шест седишта кој се урнал и запалил во неделата попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа три лица, а германските власти ја истражуваат причината …

Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки Read More »

Катарскиот емир го напушти самитот на Арапската лига во Тунис


Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, го напушти предвреме 30-тиот самит на Арапската лига во Тунис. Не е позната причината за неговото заминување. Емирот го напушти состанокот откако присуствуваше на церемонијата на отворањето. Официјалниот претставник на Катар го напушти состанокот, додека говореше Ахмад Абул Гејт, генерален секретар на Арапската лига, изјавија неименувани извори и …

Катарскиот емир го напушти самитот на Арапската лига во Тунис Read More »

Избори во Турција: Партијата на Ердоган освои 48 отсто од гласовите, опозициската ЦХП 31 процент


Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган води на локалните избори со 48 отсто од гласовите по пребројувањето на 28 отсто од гласачките ливчиња, јави вечерва турскиот јавен сервис ТРТ. Најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) освои 31 отсто од гласовите, врз основа на околу 28 отсто од гласачкиот материјал …

Избори во Турција: Партијата на Ердоган освои 48 отсто од гласовите, опозициската ЦХП 31 процент Read More »

Арапската лига го отфрли давањето на Трамп израелски суверенитет врз Голанската висорамнина


Арапската лига денеска на самитот во Тунис го отфрли американското признавање на израелскиот суверенитет врз Голанската висорамнина. Претставниците на 22 земји на Арапската лига без Сирија, исклучена поради претседателот Башар ал-Асад, издадоа заедничка изјава во која ја осудија изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека треба да се признае израелски суверенитет врз Голанската висорамнина, …

Арапската лига го отфрли давањето на Трамп израелски суверенитет врз Голанската висорамнина Read More »

Лавров тврди: На САД многу добро им е објаснето зошто нашите војници се во Венецуела


Руското Министерство за надворешни работи и објасни на администрацијата на Трамп дека руските војници, кои во моментов се наоѓаат во Венецуела, ја поправаат опремата според договорот за воено-техничка соработка постигнат меѓу Москва и Каракас, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. -Одговорив на телефонски повик, кој го добив од државниот секретар на САД Мајк …

Лавров тврди: На САД многу добро им е објаснето зошто нашите војници се во Венецуела Read More »

Две лица загинаа на избирачко место во источна Турција


Темел Карамолаолу, водач на помала турска исламска политичка партија „Фелисити”, изјави денеска дека две лица биле убиени во источна Турција на избирачко место. Тој на Твитер напиша дека волонтер и набљудувач биле убиени во еден округ во провинцијата Малатја. Турски медиуми денеска објавија дека едно лице било убиено, а друго повредено во кавга меѓу поддржувачи …

Две лица загинаа на избирачко место во источна Турција Read More »

Тинејџер загина, над 200 повредени на протестот помеѓу Израел и Појасот Газа


Еден палестински тинејџер е убиен, а повеќе од 200 лица се повредени, од кои 46 имаат рани од огнено оружје, при денешното одбележување на една година од почетокот на протестите поради израелската и египетската блокада. На денешните протести учествуваа десетици илјади Палестинци на границата помеѓу Појасот Газа и Израел, а организаторите најавија дека ќе продолжат …

Тинејџер загина, над 200 повредени на протестот помеѓу Израел и Појасот Газа Read More »