(Видео)Падна патнички авион во Русија, пилотите загинаа, патниците спасени!


Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ падна во руската област Бурџатија.

Двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.


Локалните медиуми јавуваат дека сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.

На авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето. Додека слетувал, авионот удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил.