(ВИДЕО) Историски момент: Трамп е првиот претседател на САД што влегол во Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател што стапнал на тлото на Северна Кореја. This is the moment @realDonaldTrump makes history by becoming […]

Филипини на Канада и вратија тони ѓубре


Во Канада пристигна товарен брод со тони канадски отпад, кој со години бил складиран на Филипини. Бродот пристигнал на терминал кај Ванкувер и довезол 69 контејнери ѓубре, соопштија локалните власти. Отпадот, потоа е претоварен во камиони до посебни места, каде ќе биде запален. Враќањето на отпадот во земјата каде настанал е епилогот на дипломатската криза […]

Турција и Египет годинава поатрактивни за летување поради поволните аранжмани


Анталија во Турција и Хургада во Египет годинава се топ-дестинациите што во летниот период ќе ги посетат македонските граѓани. Интересот за Грција е помал и традиционално се бараат апартмани или хотели од понизок ранг. Туристичките агенции со кои контактираше МИА велат дека годинава за 20 до 30 проценти е поголем интересот за одење на одмор […]

Самит на Г-20 во Осака: Малку можности за решавање на трговските бариери


Светските лидери се собраа во јапонскиот град Осака, на дводневен самит на Г-20, во време на зголемен број спорови и кризи, во кои се вклучени најголемите економии во светот. Според Си-ен-ен, се очекува лидерите зад затворени врати да разговараат за опасноста од судир меѓу Вашингтон и Техеран и трговската војна на САД и Кина. На […]

Три лица загинаа во поплавите во Русија


Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, a 351 се повредени меѓу кои и 33 деца, соопшти денеска претставник на руското Министерство за вонредни состојби. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите, но не одговори дали планира да го посети регионот. Поројните дождови предизвикаа […]

Последици на пеколниот бран: Три жртви во Италија, пожари во Франција и во Шпанија


Најмалку три лица починаа од високите температури во централна и во северна Италија, додека во Милано за 35 отсто е зголемен бројот на лица кои во побарале помош во болниците и во здравствените установи поради проблеми предизвикани од топлотниот бран. Во Милано значајно е зголемена потрошувачката на електрична енергија поради клима-уредите, поради што повремено доаѓа […]

Абе и Путин без решение за Курилските Острови


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и рускиот претседател Владимир Путин најавија економски иницијативи, но немаат напредок во решавањето на деценискиот територијален спор, кој се однесува на Курилските Острови. Во последните денови од Втората светска војна, Советскиот Сојуз ги зазеде четирите најјужни Курилски острови. Јапонија полага права на тие острови, кои ги нарекуваат Северните територии, и овој […]

Ердоган: Трамп рече дека нема да воведе санкции за Турција


Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД нема да воведат санкции на Турција поради нејзината одлука да набави руски одбранбени ракетни системи С-400, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неколку часа по состанокот со Трамп. Ердоган на прес-конференција, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака, рече дека Турција ја очекува […]

Меркел по шпекулациите за нејзиното здравје: Добро сум


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро. – Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака. Таа додаде дека е […]

Зошто се тресе Ангела Меркел?


Германската канцеларка Ангела Меркел вторпат во десет дена предизвика внимание кај германската јавност. Таа во два наврата неконтролирано се тресеше пред телевизиските камери. Прво на 18 јуни кога стоеше покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Германија, а потоа додека стоеше покрај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата за поставување нов министер […]

Путин: Немаме агресивни намери кон никого


Русија нема агресивни намери кон кого било, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака. Руската новинска агенција ТАСС пренесува дека Путин на тој начин ја прокоментирал оценката на британската премиерка Тереза Меј дека обновувањето на врските на Велика Британија со Русија е невозможно се додека […]

Трамп: Постигнавме многу во трговските преговори со Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнато многу во трговските преговори со рускиот претседател Владимир Путин. – Мислам дека имавме извонреден состанок. Мислам дека тој е извонредна личност. Зборувавме за трговијата, многу постигнавме. Треба да имаме трговија меѓу Русија и САД, двете големи држави. Имавме многу добар состанок вчера, рече Трамп во интервју за […]

Индонезија: Исчезна од радарите воен хеликоптер со 12 лица


Индонезиски воен хеликоптер со 12 лица денеска исчезна во провинција Папуа, во источниот дел на земјата. Воениот портпарол на Папуа Мухамед Аиди посочи дека хеликоптерот од руско производство Ми-17 изгубил контакт со контролната кула пет минути по полетувањето од Оксибил, главниот град на планинската област Пенгунунган Бинтанг, до главниот град на провинцијата Џајапути. Тој додаде дека […]

Јункер ја отсвири „Одата на радоста“ за време на Самитот Г20


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на маргините на Самитот на Г-20, што се одржува во јапонскиот град Осака, на клавир ја отсвири Химната на ЕУ – „Одата на радоста“. Фотографија од изведбата на Јункер на Твитер објави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас со коментар: „Одата на радоста на мултилатерализмот“ – Ние веруваме во […]

Американскиот Сенат забрани испорака на „Ф-35“ на Турција


Сенатот на САД синоќа го одобри буџетот за одбрана за фискалната 2020 година, според кој се забранува испорака на авионите-ловци „Ф-35“ на Турција. Документот е поддржан од 86 сенатори, а против гласаа само осум. Во него се посочува дека забраната е во сила се додека Турција не потврди дека се откажала од откупот на рускиот […]

(Фото) Каталонија гори – стотици пожарникари гаснат


Стотици пожарникари се ангажирани за гаснење шумски пожари во регионот Каталонија. Најмалку 500 луѓе се евакуирани, јавија мадридски медиуми. Шпанија е погодена од топлотен бран и според метеоролозите се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови. Пожари загрозија површина од околу 20.000 хектари.

Гутереш: Светот не може да дозволи судир во Персиски Залив


Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека светот не може да дозволи судир додека се зголемуваат тензиите помеѓу Иран и САД. Тој на маргините на Самитот на Г-20 во Осака наведе дека е „клучно е да деескалира ситуацијата“ и да се избегне судир. Неговата изјава е во момент кога Иран се заканува дека […]

Ракот најчеста причина за смртта во Австрија


Во Австрија минатата година починаа повеќе од 83.000 лица, а најчеста причина за смртта е заболување од рак. Од вкупниот број починати, 43.000 се жени, а 40.000 мажи. Ракот е најчеста причина за смрт кај жените и мажите, а кај останатите причинители постојат разлики. Мажите почесто умираат од инфаркт, како и од последици од алкохол […]

Меркел останува зад Вебер, но вели: „Не сум семоќна“


Канцеларката Ангела Меркел останува да го поддржува нејзиниот кандидат за претседател на Европската комисија, но им рече на пратениците дека изборот „не зависи само од мене“ и го цитираше отпорот од францускиот претседател Емануел Макрон. Земајќи го предвид византискиот процес на избор на наследник на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија, како и пополнување […]

Фотографијата на удавените мигранти ја прогонува Америка


Матаморос – Ужасната фотографија на салвадорскиот мигрант и неговата мала ќерка, кои се удавија во Рио Гранде на границата со САД и Мексико, стана фокус на политичката дебата во Америка за политиката на азил на претседателот Доналд Трамп. Сликата на Оскар Алберто Мартинез (25) и неговата 24-месечна ќерка Енџи Валерија, повторно го насочија вниманието кон […]