Индонезија: Исчезна од радарите воен хеликоптер со 12 лица


Индонезиски воен хеликоптер со 12 лица денеска исчезна во провинција Папуа, во источниот дел на земјата.

Воениот портпарол на Папуа Мухамед Аиди посочи дека хеликоптерот од руско производство Ми-17 изгубил контакт со контролната кула пет минути по полетувањето од Оксибил, главниот град на планинската област Пенгунунган Бинтанг, до главниот град на провинцијата Џајапути.

Тој додаде дека воениот хеликоптер превезувал војници и залихи за граничниот премин Окбибаб кон Папуа Нова Гвинеја и дека дополнувал гориво во Оксибил пред да исчезне.

Спасувачките тимови го бараат хеликоптерот.