(ФОТО) Најмалку 10 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена

Најмалку 10 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена.

Како што соопшти локалната полиција, по експлозијата се урнал дел од зградата, па не е исклучно билансот на жртвите да биде поголем.

Болнички извори информираа дека неколкумина од повредните лица се наоѓаат во критична состојба.

По инцидентот полицијата ја блокираше улицата во која се наоѓа зградата, а на местото на настанот пристигнале неколку противпожарни и амбулантни возила.

Причините за експлозијата засега не се познати.