Германците го казнија „Дајмлер“ со 870 милиони евра


Германското обвинителство ја казни компанијата „Дајмлер“ за 870 милиони евра поради наводно сертифицирање на дизел автомобили чии емисии не биле во согласност со регулаторните услови. Обвинителството во Штутгарт, каде се наоѓа седиштето на Дајмлер, денеска соопшти дека компанијата е казнета поради прекршување на надзорните обврски. Од „Дајмлер“ велат дека заклучиле оти „во најдобар интерес на […]

Контроверзниот Болсонаро против светските лидери: Амазонија не е „наследство на човештвото“


Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека Амазонија не е „наследство на човештвото“, коментирајќи ги повиците поактивно да се бори против шумските пожари. Според него, ваквите заклучоци, како и претставувањето на амазонските шуми како „бели дробови на планетата“ се погрешни. Тој упати критики кон лидерите на „некои држави“, кои, наместо да помагаат, се однесувале „со […]

Ердоган: Нуклеарното оружје или да биде забрането или да е достапно за сите


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, говорејќи на 74-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, оцени дека е неправедно нуклеарното оружје како лост за притисок. Тој повика или овој вид оружје да биде забрането или достапно за сите земји. – Денес се соочуваме со проблеми произлезени од неправдата … Оние кои имаат нуклеарно оружје […]

Говорот на Трамп во ОН засенет од повиците за импичмент поради притисокот врз Зеленски


Во еден антиглобалистички говор насочен кон својата опозиција, американскиот претседател Доналд Трамп денеска од говорницата на Генералното собрание на ОН се обрати, меѓудругото, против слободната трговија, мигрантите и социјализмот. Сепак, говорот е засенет со зголемените повици за негов импичмент по откритијата за злоупотреба од анонимен информатор во Администрацијата. -Иднината не припаѓа на глобалистите туку на […]

Врховен суд на Британија: Џонсон незаконски го суспендирал Парламентот


Врховниот суд на Велика Британија денеска пресуди дека суспендирањето на Парламентот на барање на Борис Џонсон е незаконско. Највисокиот британски суд во одлуката наведува дека е погрешно да се запре Парламентот да ги извршува своите обврски. Според „Гардијан“, судиите нагласиле дека советите на премиерот Џонсон за кралицата Елизабета Втора за суспендирање на Парламентот не биле […]

Шпанскиот Врховен суд дозволи ексхумација на телото на Франциско Франко


Врховниот суд на Шпанија дозволи посмртните останки на поранешниот диктатор Франциско Франко да бидат ексхумирани. Шестмина судии се состанаа денеска за да одлучат по жалбата поднесена од роднините на Франко против планот на Владата телото да биде пренесено од мавзолејот што го изградил тој во предградието на Мадрид, на други гробишта. Левите партии и семејствата […]

Полицаец на Флорида отпуштен од работа затоа што уапсил шестгодишни деца


Полицаец на Флорида е отпуштен од работа откако уапсил две шестгодишни деца минатата недела поради непримерно однесување во училиште, соопшти полицијата во Орландо. – Денеска кога дојдов на работа беше јасно дека не постои друго решение за да се поправи ситуацијата, освен да биде отпуштен полицискиот службеник, рече началникот на полицијата на Орландо. Полицаецот Денис Тарнер […]

Осум новороденчиња изгореа во пожар во породилиште во Алжир


Осум новороденчиња загинаа во пожар во породилиште во Алжир, соопштија локалните власти. Локалните електронски медиуми објавија дека пожарот избувнал во четири часот наутро во болницата во градот Ел Оед, 600 километри југозападно од главниот град. Нема извештаи за повредени возрасни лица. Во извештајот се вели дека премиерот наредил истрага, додека министерот за здравство ја посетил […]

Израел: Од јазол во јазол по изборите


Шансите на Бенјамин Нетанјаху да биде избран да ја формира следната влада на Израел се чини дека се подобриja откако тројца политичари од арапското малцинство во земјата ставија до знаење дека нема да го поддржат неговиот ривал. Во неделата сојузот на арапските парламентарци, кои претежно ги претставуваат палестинските граѓани на Израел, објавија дека ќе го […]

(ВИДЕО) Сенатор на Хаити отвори оган пред парламентот, двајца повредени


Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт-о-Пренс. Во Хаитите сенатор отвори оган за време на вчерашниот протест пред парламентот, при пукањето тој повредил две лица, јавуваат светските медиуми. Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата […]

ЕУ одобри лекови со канабис за епилепсија


Белгија – Европската унија за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија. Тоа е Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана. Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на […]

Луксембург троши најмногу пари за спортски активности на своите граѓани


Белгија – Луксембург е земја-членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија, со 13 и 16 евра по човек, се држави со најмалку издатоци за рекреативни содржини, соопшти Евростат. На почетокот на Европската недела на спорт, Канцеларијата за статистика на […]

Британскиот Врховен суд ќе одлучува за суспензијата на Парламентот


Британскиот Врховен суд денеска ќе одлучува за тоа дали одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска.Таква одлука може да значи порано свикување на Парламентот што ќе им даде време на пратениците да ги опструираат плановите на Џонсон за брегзит. На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира […]

(Видео)„Фокс њуз”: Тунберг е ментално болно шведско дете, лик од хорор филм


Американската телевизија „Фокс њуз” ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „ментално болно шведско дете” додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”.   Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз” Лора Инграм ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во […]

Трамп најавува распоредување повеќе војници во Полска


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша декларација за воена соработка со полскиот претседател Анджеј Дудa и најави дека САД најверојатно ќе пренесат некои трупи во Полска од други делови на Европа. Трамп рече дека Полска ќе ги покрие трошоците за новите објекти и дека таа држава бара повеќе американски трупи. Договорот беше потпишан на […]

Трамп смета дека заслужува Нобелова награда за мир, но дека сè е наместено


Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека заслужува да ја освои Нобеловата награда за мир по повеќе основи, но сè е наместено. – Би можел да ја добијам Нобеловата награда за мир за многу работи доколку оние кои ја доделуваат го прават тоа на фер начин, но тоа не е случај, изјави денеска Трамп на […]

Судски процес во Франција поради таблети за слабеење, сомнеж дека предизвикале смрт на 2000 лица


Во Франција започна судењето против приватната лабораторија „Сервиe“, регулаторната агенција за безбедност на лековите и 21 обвинет, поради таблетите „медијатор“ за слабеење, за кои се претпоставува дека довеле до 2.000 смртни случаи. Случајот предизвика критики од јавноста во Франција, а властите соопштија дека постои можност пет милиони пациенти биле изложени на „медијатор“ пред да биде […]

Во нападите против Талибанци во Авганистан убиени најмалку 40 цивили, тврдат локални власти


Најмалку 40 цивилисе  убиени во синоќешните рации и воздушни напади на авганистанските специјални сили насочени против талибанските засолништа во јужната провинција Хелманд, изјави денеска претставникот на локалните власти Абдул Маџед Акханд. Тој рече дека повеќето од загинатите во синоќешните напади биле жени и деца кои биле на свадба во округот Муса Кала, контролиран од Талибанците […]

Барние: Тешко до решение со Лондон


Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, изјави денеска во Берлин дека како што сега стојат нештата „тешко“ дека ќе се дојде до договор со Велика Британија, и покрај новите предлози од Лондон. – Врз основа на сегашната позиција на Велика Британија, тешко е да се види како можеме да излеземе со законско изводливо решение […]

Најмалку 20 лица убиени во протести во Индонезија


Најмалку 20 лица загинаа денеска, од кои тројца беа убиени од полицијата, во насилните протести предизвикани од гласините дека учител навредувал ученик во покраината Папуа во Индонезија, соопштија властите. Наводно, наставник од средно училиште, кој не е од Папуа, минатата недела го нарекол домородниот студент „мајмун“. Стотици демонстранти се собраа во градот Вамена, каде ги […]