Најмалку 20 лица убиени во протести во Индонезија

Најмалку 20 лица загинаа денеска, од кои тројца беа убиени од полицијата, во насилните протести предизвикани од гласините дека учител навредувал ученик во покраината Папуа во Индонезија, соопштија властите.
Наводно, наставник од средно училиште, кој не е од Папуа, минатата недела го нарекол домородниот студент „мајмун“.
Стотици демонстранти се собраа во градот Вамена, каде ги запалија зградите на локалната власт, продавници и домови, а запалија и неколку автомобили и мотори во близина на канцеларијата на шефот на округот во Вамена.
Најмалку 16 цивили, меѓу кои и 13од  други индонезиски области, се убиени во Вамена, така што останале заробени во запалени куќи и продавници, појасни портпаролот на војската на Папуа Еко Дарјанто.
– Околу 65 цивили се повредени, а петмина полицајци се во критична здравствена состојба, додаде тој.