Шпанскиот Врховен суд дозволи ексхумација на телото на Франциско Франко


Врховниот суд на Шпанија дозволи посмртните останки на поранешниот диктатор Франциско Франко да бидат ексхумирани.

Шестмина судии се состанаа денеска за да одлучат по жалбата поднесена од роднините на Франко против планот на Владата телото да биде пренесено од мавзолејот што го изградил тој во предградието на Мадрид, на други гробишта.

Левите партии и семејствата на многу жртви на Граѓанската војна во Шпанија со години бараат телото на Франко да биде преместено од мавзолејот, што е голема туристичка атракција.