Барние: Тешко до решение со Лондон


Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, изјави денеска во Берлин дека како што сега стојат нештата „тешко“ дека ќе се дојде до договор со Велика Британија, и покрај новите предлози од Лондон.

– Врз основа на сегашната позиција на Велика Британија, тешко е да се види како можеме да излеземе со законско изводливо решение што ги исполнува сите цели на безбедносната мрежа, т.н. бекстоп, изјави Барние на заедничката прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Берлин.

Барние рече дека засега нема основа за постигнување договор и оти двете страни треба да продолжат да работат и да објаснуваат. Тој рече дека ЕУ останува отворена за разговори и напредок.

Барние уште дополни дека владата на Борис Џонсон постигнала напредок и се чини дека се движи кон одредена контрола. Сепак, тој додаде дека предлозите досега се делумни.