(Видео) Американски војници граѓани со компири во Сирија


  Жителите на Камишли, ги опсипаа со компири американските војници, додека поминуваа низ тој сириски град каде живеат мнозинство Курди. Како што пренесува АП, војници на САД поминувале оттука при повлекувањето од Сирија. На видео-снимката која денеска ја објави курдската новинска агенција, се гледа конвој од оклопни возила како поминуваат низ Камишли додека разбеснети жители […]

По протестите Либан ги намалува платите на министрите за 50 отсто


  Се очекува дека владата на либан ќе ги одобри реформите, меѓу кои, се предвидува намалување на платите на министерите за 50 отсто, во настојување да се олесни економската криза ид а се ублажат протестите кои се најголем показател на незадоволството против владејачката елита во минатите децении. Демонстрантите на петтиот ден на протестите ги блокираа […]

Подигнати обвиненија против четири лица поради убиството на новинарот Куцијак


Словачкото обвинителство денеска подигна обвиненија против четири лица осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница. Меѓу четирите обвиненија едно е и за наводниот организатор на убиството, бизнисмен, кој подолго време е осомничен за вмешаност во злосторството. Претходно, обвинителите го идентификуваа како Маријан К. Убиството на Куцијак и Мартина Кушнирова на 21 февруари […]

Столтенберг: Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија во НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер објави дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата на членството на Северна Македонија. – Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО на членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација е во тек и […]

Собир за поддршка на Северна Македонија пред Француската амбасада во Софија


Демонстрации против одбивањето на Франција да го поддржи почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе се одржaт пред француската амбасада во Софија.Настанот беше објавен на Фејсбук како „Европска иднина за Македонија – светско бдение“. Учесниците објавија писмо кое ќе го предадат во амбасадата, а е адресирано до францускиот претседател Емануел Макрон. Во него тие пишуваат […]

Руски хакери користеле ирански алатки во напад на 20 земји


Руски хакери ја искористија иранската операција за кибер-шпионажа за напад врз владини и индустриски организации во речиси 20 земји, така што нападите се чини дека потекнуваат од Исламска држава, тврдат денеска американски и британски официјални лица. Руската хакерска група позната како „Турла“, обвинета од естонските и чешките власти за постапување во име на руската Федерална […]

Торнадо го уништи Далас: Откорнати покриви и дрвја, градот без струја


  Торнадо и силни грмотевици минатата недела речиси го уништија американскиот град Далас, при што се уништени многу станбени и деловни објекти и остави десетици илјади луѓе без струја. NORTH DALLAS DAMAGE: Homes badly damaged near the Dallas North Tollway and Royal Lane — close to St. Mark’s School. #wfaaweather pic.twitter.com/4aHLusZssI — Jason Whitely (@JasonWhitely) […]

(Фото/Видео) Пинера: Чиле е во војна


Претседателот на Чиле Себастијан Пинера изјави дека земјата е „во војна“, по тридневните протести поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, во кои загинаа седум лица. #ChileDesperto #Chile #ChileResiste #RenunciaPiñera pic.twitter.com/8ZsmwqBGum — joselyn (@joselyn06544776) October 21, 2019 – Ние сме во војна против моќниот и немилосрден непријател, непријател кој не почитува никој и ништо и […]

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија


Двете партии на зелените освоија над 20 проценти од гласовите на вчерашните избори за Долниот дом на швајцарскиот Парламент, додека кај големите партии, вклучително и победничката Народна партија забележан е пад на поддршката, покажуваат конечните резултати. Зелената левица освои вкупно 13,2 отсто од гласовите, додека за партијата на центарот Зелени либерали гласале 7,8 отсто од […]

Самитот на Г7 нема да се одржи на имотот на Трамп


САД- Претседателот Доналд Трамп нагло го смени курсот и најави дека економскиот самит на Г7 следната година нема да се одржи во комплексот „Трамп национал дорал“ во Флорида. Одлуката ја објави откако се соочи со гневна двопартиска реакција. Претседателот ја твитна главната промена нешто повеќе од 48 часа по првичното соопштение: „Ние веќе нема да […]

Трамп се откажа од планот самитот на Г7 да се одржи во неговиот клуб


Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за одржување на следниот самит на Г7 во неговиот голф клуб во Мајами, на Флорида. Тој минатата недела предложи самитот да се одржи во неговиот хотел „Дорал“, но се откажа по бројните критики, пренесува „Глас на Америка“. Трамп на Твитер ги обвини медиумите и демократите што се спротивставија […]

Ѕидот на плачот – преку 2.000 години место за молитва и покајание


Две страни. Машка и женска. Вака е поделен Ѕидот на плачот во Ерусалим. Но, пред Ѕидот сите се еднакви. Се молат, бараат покајание независно од возраста, полот, потеклото.   Молбите (желбите) ги запишуваат на ливчиња, а ливчињата потоа ги „пикаат“ во процепите меѓу камењата, бакнувајќи го Ѕидот. Многумина велат, ако сакате да доживеете и да […]

Австралиските весници протестираат против цензурата


Австралија– Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа. Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат […]

„Сандеј тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година


Англија – Европска Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од Парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј тајмс“. – Одложувањето би било со променлив карактер, што значи Британците би можеле да излезат од […]

Нови протести и судири во Барселона


Шпанија–  Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери. Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата Авенија Меридијан во источниот дел на градот. Како што пренесуваат […]

Германија воведува задолжително вакцинирање против мали сипаници


Германскиот Бундестаг започна со советување за законски измени со кои се воведува обврска да се вакцинираат деца од предучилишна и училишна возраст против мали сипаници, јавуваат германските медиуми. – Мојата желба е ниту едно дете да не заболи од мали сипаници и никој да не умира од последиците од оваа болест, рече државниот секретар во […]

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралија – Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот. – Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Квантас“ на Твитер. Авионот полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот […]

Растат сомнежите за наследничката на Меркел


Германија – Патот на Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел како германската канцеларка се чинеше јасен кога ја замени како лидер на владејачките христијански демократи (ЦДУ) минатиот декември. Десет месеци подоцна, членовите на нејзината партија расправаат дали АКК, како што е позната, е вистинската личност да ја води најмоќната земја и најголемата економија на […]

Парламентарни избори во Швајцарија


Швајцарија– Oколу 5,3 милиони Швајцарци со право на глас бираат 200 пратеници во Долниот и 46 во Горниот дом од Парламентот. Голем број граѓани изминатите недели гласаа по пошта, а одредени избирачки места беа отворени уште од вчера, поради што гласањето завршува денеска на пладне. Според анкетите, популистичката десничарска Народна партија (СВП) најверојатно ќе остане […]

Од Франција депортирани 120 албански државјани


Албанија- На меѓународнот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени  120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната. Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, Прпарим Дема ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се […]