Туск добил писмо од Џонсон во кое бара одложување на Брегзит


Белгија– Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара одложување на Брегзит. Туск наведе дека следат консултации со лидерите на Европската Унија. Џонсон официјално побара од ЕУ да се пролонгира брегзит, но во исто време испрати и писмо во кое посочува дека тој […]

Родова еднаквост: Да ги извадиме мажите од автомобилите


Родовата еднаквост не претставува само еднаква можност за добивање работа, еднакви плати меѓу мажите и жените или еднаква позиција на моќ, туку таа се одразува и во правото на породилно отсуство на родителите, во организацијата на транспортот. Иако Индексот за родова еднаквост на Европа, кој од 2005 година се изработува на секои две години, покажува […]

Туск ја повика Турција на „вистински прекин на огнот“ во северна Сирија


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска рече дека најавата за запирање на турските воени операции во северна Сирија не значи вистински прекин на огнот и ја повика Анкара веднаш да престане со воените активности во земјата. Турција вчера се согласи да ја прекине офанзивата во Сирија на пет дена за да се повлечат курдските […]

Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ


Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година. Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри […]

Квантас тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј. Четириесет патници и членови на екипажот, претежно вработени во „Квантас“, денеска ќе влезат во авионот Боинг 787-9 во Њујорк, а поради 15-часовната временска разлика, авионот треба да слета во Сиднеј во недела наутро. Авионот и неговите патници ќе бидат подложени на тест […]

Ердоган: Нема судири во североисточна Сирија


Во североисточниот дел на Сирија нема никакви судири изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Неговата изјава уследи откако дел од западните медиуми јавија дека се слушаат експлозии на гранати на сириско-турската граница и покрај договореното примирје во траење од пет дена, со цел да се исчисти безбедносната зона од курдските сили. Ердоган посочи дека […]

Генерален штрајк во Каталонија


Во Каталонија денеска е прогласен генерален штрајк: затворени се неколку транспортни артерии во оваа шпанска автономна област, аеродромот во Барселона откажа повеќе од 50 летови, а јавниот транспорт се одвива со зголемени интервали, јавија агенциите. Штрајкот го организираат двата најголеми регионални синдиката – CSC и Алтернатива за Каталонија, а е во врска со изрекувањето на […]

Пуџдемон им се предаде на белгиските власти, одбива екстрадиција


Поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пуџдемон им се предаде на белгиските правосудни органи, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење, а после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија. Пуџдемон, придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, соопшти неговата канцеларија. Се додава и […]

Британскиот парламент бара анализа на договорот за Брегзит


Комисијата за финансии при британскиот Парламент побара од Министерството за финансии да состави нова прогноза на трошоците за излез од ЕУ според новиот договор со Брисел. Комисијата смета дека тоа е неопходно пред утрешното гласање за документот во законодавниот дом на Британија. – Неприфатливо е што Комисијата не ја добила оваа информација од Министерството за […]

Уште еден договор за „Брегзит“ во последен момент


Брисел – Британија во четвртокот во последен момент постигна договор за „Брегзит“ со Европската Унија, но сепак е соочена со предизвикот да го одобри Парламентот. „Онаму каде што има волја, има договор – ние имаме. Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и Велика Британија и е сведоштво за нашата посветеност да изнајдеме решенија“, […]

Данчила: Мандатарот не може да одлучува за романскиот еврокомесар


Романската премиерка во заминување Виорика Данчила, синоќа на прес конференција изјави дека Лудовик Орбамн, кој од претседателот  Клаус Јоханис е предложен за нов романски премиер, не може да донесува одлуки за еврокомесарот што Романија треба да го даде во новиот состав на Европската комисија во Брисел, пренесе Аџерпрес. Данчила кажа дека претседателот Јоханис направил „голема […]

Европол: Жените способни за кривични дела колку и мажите


Жените се исто толку способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од веб-страницата на најбараните жени бегалци во Европа. Според соопштението на Европол, бројот на жени вклучени во криминални активности се зголеми во последните децении, иако темпото на тој раст е побавен од оној на мажите. Како едно објаснување за овој […]

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона


Демонстрантите се судрија со полицијата во Барселона четврта вечер по ред за време на протестите поради пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти кои учествуваа во организацијата на референдумот за отцепување. Сценариото од претходните ноќи се повтори, откако синоќешните мирни протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти запалија барикади и столчиња на кафулиња во монденската улица […]

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија


Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат се што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани. Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција. Тој додаде дека договорот е ограничен […]

САД воведоа царини за европски производи


САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки. Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на „Ербас“, француските вина и шкотското […]

Јункер: Комплицирана ситуација ако Британците го отфрлат договорот


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека ситуацијата ќе стане „исклучително комплицирана“ доколку Парламентот на Велика Британија утре го отфрли договорот за излез на Велика Британија од ЕУ. – Ако тоа се случи, ќе се најдеме во исклучително комплицирана ситуација, рече Јункер синоќа, на крајот од првиот ден на самитот на ЕУ. Земјите-членки […]

Чавушоглу: Привременото запирање на операцијата не е примирје


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека „Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје“, јави агенцијата Анадолија. – Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ (Единици за народна заштита н.з.), уништување на нивните позиции и тврдини, изјави Чавушоглу пред […]

Вооружен судир во Мексико по апсењето на синот на Ел Чапо


Во северниот дел на Мексико дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел „Синалоа“, откако бил уапсен еден од лидерите на овој нарко картел Овидио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Тешко вооружените членови на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги присилиле да го ослободат […]

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона


Демонстрантите се судрија со полицијата во Барселона четврта вечер по ред за време на протестите поради пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти кои учествуваа во организацијата на референдумот за отцепување. Сценариото од претходните ноќи се повтори, откако синоќешните мирни протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти запалија барикади и столчиња на кафулиња во монденската улица […]

Од администрацијата на Трамп си заминува и министерот за енергетика Рик Пери


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе го именува новиот министер за енергетика  и дека веќе одлучил кој ќе седне на таа фотелја, откако сегашниот министер Рик Пери го информирал дека има намера да ја напушти позицијата, пренесуваат британските медиуми. Пери се најде во центарот на вниманието на јавноста заради улогата во скандалот […]