По протестите Либан ги намалува платите на министрите за 50 отсто


 

Се очекува дека владата на либан ќе ги одобри реформите, меѓу кои, се предвидува намалување на платите на министерите за 50 отсто, во настојување да се олесни економската криза ид а се ублажат протестите кои се најголем показател на незадоволството против владејачката елита во минатите децении.

Демонстрантите на петтиот ден на протестите ги блокираа сообраќајниците поттикнати од ужасните економски услови и лутината поради корупцијата на политичките елити кои го доведоа Либан во криза.

Официјални лица во неделата за Ројтерс рекоа дека премиерот Саад ал-Харири договорил пакет реформи со партнерите во владата со цел решавање на кризата поради која стотици илјади демонстранти излегоа на улица.

Утрово почна седницата на Влада во претседателската палата во предградието на Бејрут, додека демонстрантите се подготвуваа за уште еден ден со демонстрации.

Планот реформи предвидувца намалување на платите на сегашните и поранешните претседатели, министри и пратеници за 50 отсто, како и намалување на бенефициите за државните институции и функционери/

Владата има за цел и приватизација на телекомуникацискиот сектор и реформација на скапиот и распаднат електроенергетски систем затоа што тие се оние кои најмногу црпат од буџетот на Либан и придонесуваат за либанската криза.