САД преговара за мир, а договара купување на имоти на Русија


Преговорите меѓу американската администрација и Русија, насочени кон ставање крај на војната во Украина, се проширија и вклучуваат нафтена трансакција вредна милијарди долари, од која би можеле да профитираат деловни личности од Блискиот Исток поврзани со главните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, предложената трансакција, за […]

Русите погодија и втор главен мост во Киев


Во руски напад утрово е погоден втор главен мост во Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, во период кога Русија ги засилува нападите врз критичната инфраструктура во украинскиот главен град. Нападот во саботата наутро ги оштети коловозот и надземната мрежа за тролејбуси на Северниот мост (Пивнични), поради што сообраќајот е блокиран. Овој удар следува откако уште […]

Три ракети и два дрона утрово навлегоа во воздушниот простор на Молдавија


Три ракети и два дрона беа вклучени во петте инциденти регистрирани утрово во воздушниот простор на Молдавија, изјави денеска министерот за одбрана Анатолије Носати, додавајќи дека најверојатно станува збор за руски дронови. Тој рече дека инцидентите се пријавени и документирани, а доказите се обезбедени на лице место, за да можат да му бидат презентирани на […]

Пилотот кој се обиде да го собори авионот на „Флајдубаи“ претходно бил суспендиран од летање


Копилотот на „Флајдубаи“, кој неделава се обиде да собори авион полн со Израелци, претходно бил суспендиран од летање во Оман поради загриженост дека е радикализиран, изјавија денеска неименувани извори запознаени со случајот за „Волстрит џурнал“ (WSJ). И покрај забраната копилотот сепак летал на линијата Дубаи-Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“. Тој во средата го повреди […]

Централната прослава на Денот на германското обединување ќе се одржи во Бремен


Германија денеска го одбележува Денот на германското обединување со прослави и настани низ целата земја, додека централната државна церемонија се одржува во Бремен, каде што се очекува да се собере германската политичка елита. Денот на германското единство го одбележува 3 октомври 1990 година, кога петте федерални покраини од поранешна Источна Германија се приклучија кон Сојузна […]

Летонците денеска избираат нов парламент


Околу 1,5 милиони гласачи во Летонија денеска излегуваат на гласачките места за да изберат 100 претставници во новиот парламентарен состав, поради загриженоста за националната безбедност и зголемувањето на трошоците за живот. Според анкетите, се очекува дека околу половина од 14-те партии и изборни коалиции што учествуваат на изборите ќе го поминат изборниот праг за влез […]

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга


Жена почина од белодробна куга во регионот Иркутск, во Сибир, (источна Русија), објави синоќа регионален функционер, додека руските медиуми објавија дека десетици луѓе се во карантин. Според локалните медиуми, од оваа заразна болест почината е 28-годишната лабораториска техничарка Дарија Шипилова. Рускиот медиум „Народите на Бајкал“ (Peoples of Baikal) објави дека Шипилова работела во Институтот за […]

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор за критични минерали


Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го склучи својот прв значаен договор за критични минерали, како дел од пакетот од вкупно пет нови проекти вредни околу 70 милиони долари, изјави за Ројтерс висок американски претставник во фондот, пренесува Хина. Долгоочекуваниот прв договор за критични минерали ќе обезбеди околу 30 милиони долари во „заедничка инвестициска платформа“ […]

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер влезе во надзорниот одбор на рускиот огранок на „Глобус“


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер стана член на надзорниот одбор на руската подружница на германската малопродажна групација „Глобус“ (Globus), соопшти денеска компанијата, пренесе ДПА. Акционерите го именуваа Шредер во надзорниот одбор на 30 септември, потврди за ДПА руската фирма „Хиперглобус“ (Hyperglobus). Поранешниот канцелар ќе учествува во општото управување со компанијата и ќе го предводи нејзиниот […]

Макрон бара координација во Г7 за справување со високите цени на горивата


Франција бара посилна меѓународна координација за справување со високите цени на горивата на глобално ниво, при што претседателот Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за „потребата од заедничко дејствување против растот на цените на горивата“, соопшти денеска Елисејската палата, пренесе ДПА. Во соопштението се наведува дека Макрон во телефонскиот разговор нагласил оти земјите […]

Епидемијата на ебола во Конго веќе одзеде над 4.000 животи


Бројот на жртви од епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 4.018, додека 8.300 случаи се потврдени во седум провинции, покажаа денеска владините податоци. Епидемијата, предизвикана од сојот на вирусот Бундибугио, стана најголемата и најсмртоносна епидемија на ебола во историјата на Конго, надминувајќи ја епидемијата од 2018-2020 година, објавија британските медиуми. Оваа […]

Шведската опозициска лидерка, Магдалена Андерсон, доби втора шанса за формирање влада


Стокхолм – Претседателот на шведскиот парламент денеска ја задолжи лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон да направи уште еден обид за формирање нова влада, и покрај тоа што во понеделникот таа изјави дека не може да собере доволно поддршка за владино мнозинство, објавија западните агенции. Оваа поранешна шведска премиерка во понеделникот изјави дека не може да […]

Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија


Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус. Повеќе од 50 проценти од територијата на европскиот континент била изложена на силен топлотен бран што надминал 38 степени, објави Гардијан. Извештајот на Коперникус  покажа […]

Шпанците на нозе по присилното иселување на старица од стан: Немири на улиците


Јавното негодување поради иселувањето на 87-годишна жена дополнително го зголеми притисокот врз шпанската влада да се справи со долготрајната криза со домувањето, објавува АП. Околу илјада демонстранти кампуваат на плоштадот Пуерта дел Сол во Мадрид веќе една недела откако Марија дел Кармен Абаскал беше иселена од станот во центарот на Мадрид каде што живееше седум […]

Реките во Европа регистрираа најнизок летен проток во последните повеќе од 30 години


Реките во Европа го забележаа својот најнизок просечен проток во лето откако почнаа мерењата во 1992 година, додека морињата околу континентот беа необично топли во 2026 година, соопшти денеска Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ. Во јули и август беа регистрирани рекордно ниски или речиси рекордно ниски протоци на многу големи реки, вклучувајќи ги […]

Што се случува во француските училишта? 400 се затворени, ситуацијата сериозно ескалираше (Видео)


Повеќе од 400 средни училишта во Франција денеска ќе бидат затворени поради продолжувањето на протестите и блокадите на училиштата, соопшти министерот за образование Едуар Жефре. Тој синоќа наведе дека во одделни училишта наставата ќе биде организирана на далечина, пренесува телевизијата БФМ. Протестите на средношколците, кои бараат поголеми издвојувања за образованието, вчера се проширија и на […]

Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург (видео)


Голем пожар синоќа го зафати историскиот дворец „Милер“, лоциран на Исакиевскиот плоштад во центарот на Санкт Петербург, непосредно спроти Исакиевската катедрала. Според руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС), дојавата за пожарот била примена во 20:11 часот по локално време. Огнот брзо се проширил низ објектот, а за кратко време зафатил површина од околу 2.000 квадратни […]

ЕУ: Обезбедени средства за буџетските и одбранбените потреби на Украина во 2026 година


Брисел – Европската комисија и Украина соопштија синоќа дека ги обезбедиле средствата потребни за покривање на буџетските и одбранбените потреби на Украина во 2026 година и се договорија за забрзување на издвојувањето пари за 2027 година. „Со заеднички напори ги идентификувавме средствата за покривање на буџетските и одбранбените потреби на Украина за 2026 година. Ги […]

Жената од Тенеси е жива, но во критична состојба по двете смртоносни инјекции


  Криста Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, се наоѓа во „критична состојба и прима медицинска нега за спасување на животот“ во болница, откако преживеа два обида за погубување со смртоносна инјекција, што го натера гувернерот на државата да ги запре сите погубувања за оваа година. „Во моментов немаме сознанија за нејзината прогноза, ниту подетални […]

Украина за првпат употреби сопствена тактичка балистичка ракета


  Украина за првпат во борбени услови ја употреби својата тактичка балистичка ракета „ФП-7“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украинска тактичка балистичка ракета. „ФП-7“. Прва борбена употреба. Ви благодарам за резултатот“, напиша тој на Телеграм. Следниот чекор ќе биде масовно производство на овие ракети, додаде Зеленски. Извршната директорка на компанијата „Fire Point“, Ирина Терех, на […]