Остарениот Џими Картер не се предава, гради куќи


Четиринаесет шевови, црно око и голем завој не се проблем за поранешниот претседател Џими Картер, кој минатата недела наполни 95 години. Само неколку часа откако се здоби со повреди од пад во неговиот дом во неделата наутро, Картер отпатува за Нешвил за да започне една недела волонтерска работа. И покрај неговите повреди, најстариот жив поранешен …

Остарениот Џими Картер не се предава, гради куќи Read More »

Над еден милион луѓе во Калифорнија се без електрична енергија


Повеќе од милион луѓе во Калифорнија останаа без електрична енергија откако главната дистрибутерска компанија го прекина снабдувањето како претпазливост, поучена од искуството од минатата година, кога силни ветрови предизвикаа смртоносен пожар во таа американска сојузна држава. Таквата драстична мерка предизвика долги редици во супермаркетите и продавниците во северна Калифорнија, бидејќи луѓето брзаа да купат вентилатори, …

Над еден милион луѓе во Калифорнија се без електрична енергија Read More »

Втор ден напади на турската армија врз позиции на Курдите и ИД во североисточна Сирија


Турската војска повторно почна со гранатирање на сириските гранични градови, при што Рас Елејн беше прва цел во вториот ден од конфликтот, јави денеска сириската државна телевизија. Досега 15 цивили се убиени во нападите на турската армија и над 20 повредени. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера објави дека турската војска почна операција „Извор на …

Втор ден напади на турската армија врз позиции на Курдите и ИД во североисточна Сирија Read More »

Белата куќа отвори војна за импичментот


Доналд Трамп ги турна Соединетите Држави кон уставната криза во вторникот, кога неговиот правен советник рече дека Белата куќа ќе одбие да соработува со истрагата за импичмент на Конгресот. „Со оглед на тоа што на вашето испитување ѝ недостига легитимна уставна основа, какви било претензии за правичност, па дури и најелементарни заштитни постапки, не може …

Белата куќа отвори војна за импичментот Read More »

Трамп: Операцијата на Турција во Сирија е лоша идеја


Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи овој напад е лоша идеја. „Утрово, Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. Соединетите Американски Држави не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски …

Трамп: Операцијата на Турција во Сирија е лоша идеја Read More »

Бајден: Трамп мора да биде отповикан


Демократот од Претставничкиот дом, Џо Бајден првпат изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде подложен на импичмент, додавајќи дека тој „ја предал нацијата“ и ја прекршил заклетвата што ја положил кога стапил на функцијата. – За да се зачува нашиот Устав, нашата демократија, нашиот основен интегритет, тој мора да биде отповикан, истакна Бајден …

Бајден: Трамп мора да биде отповикан Read More »

ЕУ: Турската воена операција ги загрозува мирот и стабилноста во Сирија


Европската Унија ја повика Турција да им стави крај на воените операции во северна Сирија и предупреди дека се загрозува стабилноста на регионот. -Унилатерални акции од страна на Турција го загрозуваат остварениот напредок од страна на глобалната коалиција за поразување на Исламска држава, чиј член е Турција, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи. Анкара …

ЕУ: Турската воена операција ги загрозува мирот и стабилноста во Сирија Read More »

Први жртви при нападите на Турција во Сирија


Мирни жители во сирискиот пограничен град Рас ел Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата „Ал Хадас“. Според курдски извори, убиени двајца цивили, а околу 20 се повредени. Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата Сириски демократски сили, а 16 се повредени.. телата …

Први жртви при нападите на Турција во Сирија Read More »

Турција почна воена интервенција во Сирија


урскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека турската војска денеска почна воена операција на северот од Сирија. Како што наведе, воената операција го носи името „Извор на мирот“ (“Barış Pınarı”, односно “Peace Spring”), пренесуваат агенциите. Претходно денеска курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите од Исламска држава рано утринава изведоа напад врз …

Турција почна воена интервенција во Сирија Read More »

Маас: Турција ризикува заживување на Исламска држава со својата воена операција во Сирија


Со нападите врз североисточниот дел на Сирија, Турција „смислено ризикува натамошна дестабилизација на регионот“ и заживување на Исламска држава,  изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, пренесоа француските медиуми. -Сирија има потреба од стабилност и политички процес. Меѓутоа,  турската офанзива сега се заканува да предизвика нова хуманитарна криза, изјави Маас, додавајќи дека Берлин ќе „ја …

Маас: Турција ризикува заживување на Исламска држава со својата воена операција во Сирија Read More »

НАТО бара воздржаност од Турција


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер изрази надеж дека турските власт ќе бидат „воздржани“ во воената операција во северниот дел на Сирија. -НАТО е информиран од турските власти за операцијата која во тек во северна Сирија. Сметам на Турција да делува воздржано и да се осигура дека победите кои ги издејствуваме во борбата …

НАТО бара воздржаност од Турција Read More »

Турски авиони почнаа да ги бомбардираат курдските милиции во Сирија


Турските воени авиони почнаа со бомбардирање на позициите на курдската милиција во стратешкиот северен сириски град Тал Абјад, јави државниот радиодифузер ТРТ. Турските единици, стационирани на околу шест километри од Тал Абјад, целат складишта за муниција, соопшти ТРТ, покажувајќи снимки, на кои се гледа како се издигнува чад од областа. Портпаролот на курдските сили Мустафа …

Турски авиони почнаа да ги бомбардираат курдските милиции во Сирија Read More »

Ердоган објави почеток на воена акција во Сирија


  Турскиот претседател Реџеп Tајип Ердоган објави дека турската војска покренала воена операција на северот на Сирија. Како што рече, воената операција на Турција носи назив „Извор на мирот“, пренесе Спутник. порано денеска, курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите од исламска држава рано утрово извеле напад на рака, на северот на …

Ердоган објави почеток на воена акција во Сирија Read More »

Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале


Најмалку две лица загинаа при вооружен напад во синагога во германскиот град Хале. Полицијата соопшти дека е приведено едно лице. Инцидентот се случи кога непознато лице влегло во синагогата и почнало да пука од автоматска пушка, а потоа избега. Се претпоставува дека напаѓачот се упатил во правец на Лајпциг. Според дел од медиумите врз синагогата …

Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале Read More »

Протест против Брегзит пред Европската комисија


Група активисти против Брегзит денеска протестира пред седиштето на Европската комисија во Брисел, барајќи од Европската унија да ги отфрли предлозите на британскиот премиер Борис Џонсон за планираниот излез на земјата од ЕУ. Демонстрантите носеа слогани како што е „Стоп Брегзит“, а се собраа пред зградата на ЕК, каде што треба да продолжат разговорите на …

Протест против Брегзит пред Европската комисија Read More »

(Видео) Двајца убиени во синагога во Германија, напаѓачот во бегство


  Најмалку две лица загинаа во пукотница во синагога во германскиот град Хале. Како што јавуваат светските медиуми, непознато лице неколкупати пукало и сега е во бегство. Последните информации се дека се двиќи кон Лајпциг. Се верува дека напаѓачот пукал од автоматско оружје, убил една жена и повредил неколку луѓе. Според извештаите, на синагогата фрлена …

(Видео) Двајца убиени во синагога во Германија, напаѓачот во бегство Read More »

Индија ја обвинува пакистанската тајна служба дека земјата ја преплавила со лажни пари


Индија од оптек ги исфрли бенкнотите во поголеми апоени во обид да ја блокира циркулацијата на лажни пари, со кои е преплавена земјата. Со нив, се тврди, се финансираат терористички организации. Индиските медиуми цитираат неиуменувани индиски функционери кои го обвинуваат Пакистан за користење на дипломатски канали во Непал, Бангладеш и други земји за внесување и …

Индија ја обвинува пакистанската тајна служба дека земјата ја преплавила со лажни пари Read More »

Турската операција во Сирија сѐ уште не е почната


Планираната турска воена операција во Сирија не е почната и во моментов се извршуваат финални подготовки, соопштија турски воени извори. Според истите извори, распоредувањето на сили и воена опрема веќе е завршено. Војници со тешка техника отстранија бетонски огради на пунктови на границата. Турскиот министер за одбрана Хусур Акар денеска изјави продолжуваат подготовките за очекуваниот …

Турската операција во Сирија сѐ уште не е почната Read More »

Анкета: Од демократите 79 отсто бараат импичмент за Трамп


Повеќе поддржувачи на Демократската партија на САД бараат импичмент за претседателот Доналд Трамп, дури и ако тоа значи дека ќе им се намалат шансите за победа во Белата куќа во 2020 година, покажуваат резултатите од последната анкета на Ројтерс/Ипсос. Според анкетата, поддршката за импичмент меѓу Американците останува непроменета од минатата недела – 45 проценти. Сепак, …

Анкета: Од демократите 79 отсто бараат импичмент за Трамп Read More »

Рохани ја повика Турција на воздржаност


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска апелираше до Турција да покаже воздржаност и да избегне воена акција во северниот дел на Сирија. Истовремено тој им порача на американските сили дека треба да го напуштат регионот. – Турција со право е загрижена за својата јужна граница. Веруваме дека треба да се најде прав начин да се …

Рохани ја повика Турција на воздржаност Read More »