Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале

Најмалку две лица загинаа при вооружен напад во синагога во германскиот град Хале. Полицијата соопшти дека е приведено едно лице.

Инцидентот се случи кога непознато лице влегло во синагогата и почнало да пука од автоматска пушка, а потоа избега. Се претпоставува дека напаѓачот се упатил во правец на Лајпциг.

Според дел од медиумите врз синагогата е фрлена и граната. Некои медиуми објавија дека во нападот учествувале две лица.

– Се случи инцидент во Хале. Според прелиминарните наоди, има и починати. Спроведуваме итна потрага. Сторителот е во бегство. Останете дома или побарајте некое друго сигурно место, објави германската полиција на Твитер.