Рохани ја повика Турција на воздржаност


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска апелираше до Турција да покаже воздржаност и да избегне воена акција во северниот дел на Сирија.

Истовремено тој им порача на американските сили дека треба да го напуштат регионот.

– Турција со право е загрижена за својата јужна граница. Веруваме дека треба да се најде прав начин да се отстрани таа загриженост. Американските сили мора да го напуштат регионот. Курдите во Сирија треба да ја поддржат сириската армија, посочи Рохани.

Турските власти денеска најавија дека набрзо ќе почне офанзива против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.