Бајден: Трамп мора да биде отповикан


Демократот од Претставничкиот дом, Џо Бајден првпат изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде подложен на импичмент, додавајќи дека тој „ја предал нацијата“ и ја прекршил заклетвата што ја положил кога стапил на функцијата.

– За да се зачува нашиот Устав, нашата демократија, нашиот основен интегритет, тој мора да биде отповикан, истакна Бајден пред своите приврзаници на митинг во Њу Хемпшир.

Поранешниот потпретседател на САД беше повеќе пати обвинуван, без директни докази, од страна на Трамп за корупција.

– Тој прави дупки во Уставот и не смееме да му дозволиме да се извлече, наглси Бајден, кој е еден од фаворитите за противкандидат на Трамп на претстојните претседателски избори следната година во САД.