Ердоган објави почеток на воена акција во Сирија

 

Турскиот претседател Реџеп Tајип Ердоган објави дека турската војска покренала воена операција на северот на Сирија.

Како што рече, воената операција на Турција носи назив „Извор на мирот“, пренесе Спутник.

порано денеска, курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите од исламска држава рано утрово извеле напад на рака, на северот на Сирија.

„Турските оружени сили заедно со Сириската национална армија покренаа акција против терористичката организација ПКК и Исламската држава на северот на Сирија. Нашата цел е да го уништиме терористичкиот коридор кој се обидуваат да го воспостават на нашата јуќна граница и да донесеме мир во регионот.

Со операцијата „Извор на мирот“ ќе ја отстраниме заканата на тероризмот. Благодарение на сигурната зона што ќе воспоставиме, ќе обезбедиме враќање на сириските бегалци во нивната земја. Ќе го заштитиме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме жителите на регионот од канџите на теророт“, наведе Ердоган на Твитер.

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во сирискиот град Рас ал Аин, недалеку од границата со Турција, јави репортерот на Си-ен-ен Турк и додаде дека звуци на авиони може да се слушнат над градот. Тој рече дека може да се види чад кој се извива над зградите во Рас ал Аин.