Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември


Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември поради пандемијата со новиот коронавирус. Така одлучи Генералното собрание на Светската организација. Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави […]

Трамп ќе испрати федерални сили во Чикаго и во Албукерки


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе распореди феделани сили во градовите каде има пораст на насилството, меѓу кои Чикаго во Илиноис и Албукерки во Ново Мексико. Трамп на брифинг во Белата куќа за порастот на насилството ги обвини „левичарските движењата, кои сакаат расформирање или укинување на полицикста управа по смртта на Џорџ Флојд“. – […]

СЗО: Речиси 203.000 заразени со Ковид-19 во светот за еден ден


Во изминатото деноноќие во светот се регистрирани 202.726 новозаразени случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се зголеми на 14,76 милиони, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Како што е соопштено, во истиот период починале повеќе од 4.000 лица и со тоа бројот на смртни случаи надмина 612.000. Најголем број новозаразени се […]

Во Словенија разгледуваат промена на дефиницијата силување во кривичниот закон


По една и пол година повици за редефинирање на силување во словенечкиот кривичен закон, Министерството за правда соопшти дека предложило законски измени со цел да се воведе „стандард на согласност“ во кривичното право. Измените би го направиле секое сексуално дело без согласност кривично дело, вклучително и оние за време на кои жртвата физички не му […]

Мајкл Коен, екс-адвокатот на Трамп, вратен во затвор


Поранешниот личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен, вратен е во затвор, бидејќи одби да потпише договор за условите за куќен притвор, а не затоа што планира да објави книга во која го критикува Трамп, изјавија вчера обвинителите. Судското рочиште, на кое ќе се одлучува дали се повредени уставните права на Коен […]

Кина ќе даде заем од милијарда долари на Јужна Америка за купување нивна вакцина против Ковид-19


Кина планира да обезбеди заем од милијарда американски долари за нејзината вакцина против новиот коронавирус и да им ја стави на располагање на земјите од Јужна Америка и Карибите. Тоа го соопшти мексиканското Министерство за надворешни работи. Според Министерството, Кина го дала предлогот за време на телеконференциска средба со министри од држави од Кужна Америка […]

Поранешниот извршен директор на Гугл основа Академија за дигитални услуги на САД


САД – Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, се здружува со поранешниот заменик министер за одбрана на САД, Роберт Ворк, заради формирање технолошки универзитет наречен Академија за дигитални услуги на САД, што би бил конкуренција со МИТ и Стенфорд. Тој универзитет ќе се фокусира на едукација на млади програмери и девелопери за да можат да […]

Во Вашингтон обврзно носење заштитни маски надвор


САД – Со извршна наредба на градоначалничката на Вашингтон, Муриел Браузер од денеска е задолжително да се носат заштитни маски надвор. Таа нагласи дека со наредбата се предвидени казни за оние кои не го почитуваат тоа правило. Исклучоци се деца под три години, луѓе кои „активно јадат или пијат“ и оние кои вежбаат надвор и не […]

Изгласана новата хрватска Влада со 16 министерства


Хрватскиот Сабор (парламент) вечерва изгласа закон со кој земјата ќе има помала влада, која место претходните 20 во следниот мандат ќе има 16 министерства. За новиот закон за организација и обем на органите на државната управа гласаа 85 пратеници, 30 беа против, а шестмина воздржани. Владеачката коалиција наведува дека со новиот закон владата ќе стане […]

СЗО: Растот на бројот на заразени се должи на промените на мерките за дистанцирање


Швајцарија– Повторниот раст на бројот на нови случаи на коронавирус регистриран од страна на некои европски земји во последните неколку недели е предизвикан од промените во мерките за социјално дистанцирање, изјави денеска портпаролката на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сара Тајлер. Според неа, ризикот од повторна појава и ширење на болеста ќе продолжи и треба […]

Болсонаро се уште е позитивен на коронавирусот


Бразил– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се уште е позитивен на коронавирусот, и после најмалку три теста. Заразата кај Болсонаро за првпат беше потврдена на 7 јули, а тој и после две недели во карантин се уште е позитивен. Бразилската Влада соопшти дека тој сè уште се чувствува добро. Според Светската здравствена организација, времето на закрепнување […]

Германија воведува задолжително тестирање за Ковид-19 за патници од земји со висок ризик


Патниците што влегуваат во Германија од земји со висок ризик мораат да се тестираат за коронавирус на аеродромите, одлучија германските државни министри за здравство. Министрите денеска одржаа онлајн состанок на кој се договорија за задолжителните тестови. Досега, патниците од земјите со висок ризик мораа да се самоизолираат 14 дена, иако мерката тешко се спроведуваше. Институтот […]

Израелците протестираат против Нетанјаху во Ерусалим (галерија)


Околу 2.000 Израелци се собраа пред резиденцијата на премиерот во Ерусалим во вторникот, во знак на протести против Бенјамин Нетанјаху поради неговото справување со корона вирусот криза и наводите за корупција. Демонстрантите се многу гневни, полицијата ги презема сите мерки да ги смири нивниот протест.

Три сценарија за смртноста од вирусот во Шведска


Шведската агенција за јавно здравје има изработено три сценарија за кризата со корона вирусот, при што најлошото предвидува смрт на уште 5.800 лица. Шведска веќе има една од најцрните статистики на смртни случаи од коронавирусот во однос на населението. Според најновите податоци, до вчера во оваа скандинавска земја се регистрирани вкупно 5.646 смртни случаи и […]

(Видео)Две деца спасени од пожар со скок од трет кат на зграда во Гренобл


 Две деца се спасени од пламените јазици во една зграда во Гренобл со скокање од третиот кат во рацете на нивните спасувачи, јави дописникот на МИА. Двете деца, на возраст од три и 10 години, со вистинско чудо се спасија од пожарот што го имаше зафатено нивниот стан во Гренобл. Видеото од сцената, снимено од […]

Интерпол: Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19


Полицијата заплени 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол. Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи во вредност од 34,5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операција која траела од декември 2019 до јуни […]

Паскал Сорио: Работиме на вакцина против Ковид-19 која ќе чини 2,50 евра


Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ планира до крајот на годинава да пласира на пазарот вакцина против новиот коронавирус, која ќе чини 2,50 евра, најави претседателот на компанијата Паскал Сорио. Тој истакна дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе. „АстраЗенека“ се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според […]

Грција ги заостри мерките за влез на граничните премини


Само од шест гранични премин, од денеска е дозволен влез и излез од Грција за грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој, додека пак Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија и понатаму останува единствената влезна точка на копнените граници за туристите од земјите што се наоѓаат на листата одобрена од јужниот сосед, јави […]

Италија: Балканската рута активна и за време на пандемијата


Балканската рута по која мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите во западна Европа е активна и за време на пандемијата на новиот коронавирус, а гувернерот на италијанскиот регион Фурланија-Јулиска краина, кој граничи со Словенија, изјави дека ситуацијата е „неподнослива“. – Фурланија-Јулиска краина не е подготвена за прием на нови илегални мигранти. Повеќе пати ја […]

Во Црна Гора повторно прогласена епидемија на територијата на целата држава


  Црногорското Национално координативно тело за заразни болести (НКТ) повторно прогласи епидемија на коронавирусот на територијата на цела Црна Гора, на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора. Во согласност со тоа, од денеска, се воведуваат неколку нови привремени мерки, вклучително и задолжителното носење заштитни маски на отворен и […]