Трамп ќе испрати федерални сили во Чикаго и во Албукерки


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе распореди феделани сили во градовите каде има пораст на насилството, меѓу кои Чикаго во Илиноис и Албукерки во Ново Мексико.

Трамп на брифинг во Белата куќа за порастот на насилството ги обвини „левичарските движењата, кои сакаат расформирање или укинување на полицикста управа по смртта на Џорџ Флојд“.

– Ова дивеење на насилството ја шокира свеста на нашата нација, истакна Трамп.

Си-Ен-Ен оцени дека Трамп со проширување на федералната операција сака да го зајакне имиџот на „закон и ред“ пред изорите во ноември.

Испраќањето на федерални сили претставува проширување на операцијата „Леџент“, координирана иницијатива за спроведување на законот, која неодамна ги префрли сојузните ресурси во Канзас Сити со цел да им помогне на локалните власти да се изборат со насилниот криминал.

Програмата е наречена по четиригодишното момче Леџент Талифер од Канзас Сити, кое беше смртно погодено од пиштол, додека спиеше во својот дом.

Програмата не бара повик од локалните власти, а голем број беа против федерални офицери да патролираат на нивните улици.

Група од 15 градоначалници на големите американски градови претходно побараа федералната Влада да ги повлече своите сили и „да се согласи да не распоредува унилатерално службеници на федералната полиција во американските градови“.

Градоначалниците испратија отворено писмо до главниот обвинител Вилијам Бар и до вршителот на должност секретар за внатрешна безбедност Чад Волф, во кое се наведува дека едностраните одлуки на федералната Влада да испратат сили во американските градови е „без преседан“ и оти со тоа се „крши фундаменталната уставна заштита“.