Во Вашингтон обврзно носење заштитни маски надвор

Фото: Б. Грданоски

САД – Со извршна наредба на градоначалничката на Вашингтон, Муриел Браузер од денеска е задолжително да се носат заштитни маски надвор.

Таа нагласи дека со наредбата се предвидени казни за оние кои не го почитуваат тоа правило. Исклучоци се деца под три години, луѓе кои „активно јадат или пијат“ и оние кои вежбаат надвор и не се близу други луѓе.

Со месеци Браузер ги предупредуваше сограѓаните да носат маски надвор, кога физичкоторастојание не е можно. Откако успешно се справи со епидемиолошката крива во Вашингтон, бројот на нови случаи повторно почна да се зголемува и вчера беше трицифрен број, за првпат во изминатите неколку недели.