Во Црна Гора повторно прогласена епидемија на територијата на целата држава


  Црногорското Национално координативно тело за заразни болести (НКТ) повторно прогласи епидемија на коронавирусот на територијата на цела Црна Гора, на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора.

Во согласност со тоа, од денеска, се воведуваат неколку нови привремени мерки, вклучително и задолжителното носење заштитни маски на отворен и затворен простор на целата територија на Црна Гора, а обврската важи и за деца постари од седум години.

Маските не се задолжителни на плажите и во националните паркови, под услов да се одржува физичко растојание и претходно пропишани мерки.

„Собирања се ограничени на целата државна територија на максимум 40 лица на отворени јавни места и на 20 лица во затворен простор, со обврска да се почитува физичкото растојание од најмалку два метра.

Исто така се наведува дека поради екстремно високиот епидемиолошки ризик од одредени собири, примената на мерките донесени на 30 јуни, што се однесуваат на забраната за работа на диско клубови / барови и ноќни клубови, како и организирање свадби, матура и роденденски забави, е продолжена до 6 август.

Примената на мерките донесени на 7 јули, со кои се забранува одржување на забавна и музичка програма во угостителските објекти и прекинување на работата на првостепените социјално-медицински комисии од областа на социјалната и заштитата на децата во центрите за социјална работа, е продолжена до 30 јули.

Кога станува збор за одделни делови на земјата, НКТ донесе олеснителни мерки за некои и построги мерки за други, во зависност од епидемиолошката состојба. зш/